Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заврши Патувачкото кино „МакеДокс“
Култура

Заврши Патувачкото кино „МакеДокс“

јули 15, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заврши десетото јубилејно Патувачко кино на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што традиционално се одржува во Струшкиот регион, а годинава прв пат имаше и регионален карактер.

Патувачкото кино опфати седум населени места во земјава и соседна Албанија, вклучувајќи проекции на документарни филмови во Лабуништа, Бучимас, Вишни, Драслајца, Пустец, Луково и Лин.

Паралелно се одвиваа и сесиите на третата генерација „Докуникулци“, која ја сочинуваат 12 млади од 15 до 18 години од регионот.

По повод јубилејното 10. издание на „МакеДокс“ почна да се снима документарен
филм за Патувачкото кино.

Креативен продуцент и снимател на филмот е Бранд Ферро од МакеДокс, режисер е Питер Зак од Берлин, кој се занимава со креативна документаристика од 1993 година, ко-продуцент е Јана Цизар, која повеќе од десет години се занимава со продукција на
креативни документарни филмови и живее во Берлин, а снимател на звукот е Паоло Бенвинути од Италија.

Проекциите на Патувачкото кино почнуваа со програма на анимирани филмови за деца од Док Лајпциг.

Пред проекцијата во Луково беше направен „пичинг“ на кој девет докуникулци ги претставија своите идеи за снимање документарен филм.

Меѓу темите што беа отворени во предлозите се истакнуваа впечатоците и приказните од Пустец, ученичкиот живот во интернат, приказните за возач и за правење ајвар,
еколошка приказна за исчезнувањето на видовите и потрагата по македонскиот рис, но и за губењето на индивидуалноста под влијание на силна идеологија.

Проекциите на Патувачкото кино во селата Вишни, Драслајца и Луково беа збогатени и со документарниот филм „The Way of Clave“, кој произлезе од проектот „Ширење на видици“ (Widening the Lens).

„Ширење на видици“ е дел од програмите на Communities Conecting Heritageˢᵐ, кои се
финансирани од Владата на САД и управувани од World Learning.

Филмот ќе има проекција и на 20 јули во „Кино Култура“ во Скопје.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ се реализира со поддршка од Агенција за филм на Република Северна Макеоднија, Амбасадата на Германија и овозможено е од Western Balkans Fund.

Во тек се подготовките за 10. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кое ќе се одржи од 21 до 28 август во Куршумли-ан во Скопје.

„МакеДокс“ Патувачкото кино
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026

Објавени пробите за настапите на „Евровизија“

мај 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.