На полноќ заврши собирањето потписи за кандидати за претседател на државата.Веќе е познато дека сигурни кандидати за избор на претседател на 21 април се Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.
Стево Пендаровски доби поддршка од 60 пратеници во Парламентот и воедно тој е заеднички претседател на коалицијата од СДСМ и ДУИ, но освен потписите на пратениците Пендаровски собра и повеќе од 32.000 потписи од граѓаните.
Гордана Силјановска Давкова пак која е кандидат за претседател од опозициската ВМРО – ДПМНЕ, успеа да ги собере потребните потписи на граѓаните за само еден ден.
Потписи за учество на претседателските собра и професорот Блерим Река, кого го поддржаа Алијанса за Албанците и Движењето БЕСА.
Кампањата официјално почнува на 1 април и ќе трае до 19. Гласањето за претседателските избори е закажано за 21 април. До 14 март ќе трае увидот во избирачкиот список. Во дипломатско-конзуларните претставништва до сега за гласање се пријавиле 460 гласачи. Најмногу во Париз-63, Лондон и Љубљана по 35. Во Мелбурн, Чикаго, Истанбул и Детроит до сега се пријавиле по 5 гласачи.
Државната изборна комисија в понеделник ќе каже кој од пријавените има доволно потписи за да стане кандидат за претседател на државата.







