Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заврши увидот во Избирачкиот список и пријавувањето на дијаспората за гласање на изборите на 12 април
Политика

Заврши увидот во Избирачкиот список и пријавувањето на дијаспората за гласање на изборите на 12 април

март 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ноќеска на полноќ заврши рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на дијаспората за предвремените парламентарни избори на 12 април.

Од ДИК информираат дека и покрај мерките за справување со корона вирусот, нејзините активности продолжуваат согласно одлуките на Владата.

Како ќе се постапува натаму зависи од одлуките на Владата и денешната
лидерска средба.

Според податоците на ДИК, од 26 февруари, кога започна увидот во Избирачкиот список, до 10 март, во подрачните единици и канцеларии
на Комисијата во земјата увид направиле 9.084 избирачи.

Запишани во Избирачкиот список во истиот период се 233 граѓани.

Решение за бришење е донесено за 47 граѓани, а за 74 граѓани е извршена промена на податоците во Избирачкиот список.

Деветмина граѓани кои направиле увид биле со поништено живеалиште.

Нема информација колку граѓани ги провериле своите податоци електронски преку апликацијата на веб страната на ДИК.

ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето.

Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат.

По тужба, Управниот суд одлучува во рок од 24 часа од приемот.

Ноќеска на полноќ заврши и рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на дијаспората за гласање.

До вчера (11 март) до 11:00 часот пријавени за гласање во дијаспората биле 6.308 македонски државјани.

ДИК прифатила 4.806 барања, додека 1.442 се необработени.

Гласање во дијаспората ќе се организира само доколку бројот на пријавени е над 6.540 односно онолку колку што на последните избори освоил пратеникот со најмал број гласови.

Неизвесно е дали ќе има гласање во дијаспората и поради состојбата со Ковид-19.

Најмногу пријавени за гласање во дијаспората има во Мелбурн – 678, во Венеција – 619, во Берн – 538, во Берлин – 484 и во Торонто – 384.

Поради Ковид-19 Италија е во карантин до 2 април, а ситуацијата се усложнува и во другите земји.

Во оние градови каде што ќе има пријавено помалку од 10 гласачи исто така нема да се организираат избори.

Според Роковникот за изборите, ДИК е должна во рок од пет дена (16 март) од денот на завршување на јавниот увид, Избирачкиот список да го достави до политичките партии.

Партиите, пак, до 19 март доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.

ДИК по поднесеното барање одлучува со решение во рок од два дена од денот на приемот на барањето.

Против решението на ДИК, политичката партија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата.

Она што е новина е што во Избирачкиот список од годинава ќе бидат ставени сите лица со 18 години на денот на изборите.

Предвидено е МВР во рок од еден ден од завршувањето на јавниот увид да достави листа на државјани кои поднеле барање за издавање нова лична карта или патна исправа по кој било основ и истите ги подигнале од денот на распишување на изборите до денот на завршување на јавниот увид и листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите.

ДИК податоците за овие лица ги впишува во Избирачкиот список по
службена должност.

На изборите ќе можат да гласаат само граѓаните со важечка лична карта и пасош.

Во спротивно тие нема да можат да го остварат правото на глас.

До 17 март до ДИК треба да пристигнат и податоци за лицата од затворите, во притвор и во куќен притвор, како и од МТСП за лицата кои се пријавиле за гласање во установи за вонсемејно згрижување.

Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, отпечатен во вид на изводи, ДИК го заклучува најдоцна до 23 март.

Заклучениот Избирачки список, ДИК го потпишува најдоцна на 2 април, односно десет дена пред одржувањето на изборите.

актуелно дијаспора избирачки список избори пријавување увид
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.