Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Завршни зборови на одбраната за „Трезор“
Судски процеси

Завршни зборови на одбраната за „Трезор“

април 5, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со завршни зборови на одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Трезор“, кое се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за
потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски.

Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Во завршен збор, Обвинителството, рече дека наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма–посредник Финзи ДООЕЛ Скопје со што успеале да злоупотребат средства од Буџетот на државата.

Обвинителот Трајче Пеливанов, нагласи дека биле склучени уште два анекси на договорот со Финзи при што разликата за набавната и продажната цена изнесувала 26.568.276 денари, штета нанесена на Буџетот на државата, а покрај тоа, за како што рече, со измислување на наводна потреба за непречено и успешно функционирање на опремата склучен бил и договор помеѓу МВР и Финзи за да се продолжи одржувањето на опремата и за нејзино надградување со намера да се оштети Буџетот и за Финзи да се прибави имотна корист од 21.422.500 денари.

Обвинетите, според Обвинителството, делата ги сториле од лукративен карактер и предложи на Судот да ги прогласи за виновни и осуди согласно законот за кривичните дела кои им се ставаат на товар, како и да го примени институтот конфискација на имот и имотна корист.

„Како имотна корист прибавена со кривично дело за правното лице ДТУ „Финзи” ДООЕЛ од Скопје, избришано од Централен регистар на 18.02.2011, а кој конфискација да се изврши на парични средства од денарска сметка во Охридска банка во вредносг од 838.106 денари и девизна банкарска сметка 145. 619 евра, како и конфискација на ПМВ Ауди А4 со проценета вредност од 1.026.285 денари“, побара обвинителот Артан Ајро.

Покрај ова побарување, обвинителството од Судот побара обвинетиот Сашо Мијалков да го задолжи да надомести износ од 11 милиони денари, Горан Грујоски 11 милиони денари, Нејбојша Станковиќ 6 милиони денари и обвинетито Тони Јакимовски 7 милиони денари.

Одбраната во случајот „Трезор“ смета дека нејзините клиенти не го сториле кривичното дело што им се става во товар и оти единствен доказ е дека нема доказ дека обвинетите го сториле кривичното дело.

Адвокатот Љупчо Шврговски, во изјава пред новинарите по завршните збори на Обвинителството, рече дека од самите докази кои ги презентирал јавниот обвинител, а ги обезбедил преку меѓународна правна помош од британските авторитети, можело да се заклучи единствено дека ниту Сашо Мијалков ниту преостанатите обвинети не оствариле средба, ниту пак договориле каква било набавка на опрема која што е предмет на обвинението.

Според Шврговски, во однос на тврдењето на јавниот обвинител дека Сашо Мијалков усно му наложил на Ѓоко Поповски, тогашен помошен министер за внатрешни работи, одговорен во секторот за финансии, да ја изврши оваа набавка, односно да ја спроведе постапката по однос на оваа набавка, јавниот обвинител презентирал ноторна невистина.

Во делот пак на штетната последица која обивнителот ја опиша дека изнесува некаде околу 48 милиони денари, адвокатот Шврговски посочи дека јавниот обвинител не достави материјален доказ.

„Тој материјален доказ се однесува на изготвено вештачење од областа на економско финансиската наука, вештина и знаење за коешто е потребно стручно мислење и експертиза од вештак од таа област. Јавниот обвинител ги нема тие знаења и познавања и тие вештини и во никој случај сам не може да конструира штета која што им ја става на терет на обвинетите“, рече Шврговски.

Случајот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

актуелно завршни зборови одбрана Трезор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.