Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЗАВРШУВА ЕРАТА НА „747“: „Боинг“ го испорачува последниот „џамбо џет“
Економија

ЗАВРШУВА ЕРАТА НА „747“: „Боинг“ го испорачува последниот „џамбо џет“

јануари 31, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Боинг“ се подготвува официјално да се збогува со оригиналниот џамбо-џет „Боинг 747“, додека се уште е во тек последната комерцијална испорака на авионот што му овозможи на обичниот човек да лета и сè уште им служи на американските претседатели.

Илјадници сегашни и поранешни вработени оваа недела ќе се соберат во фабриката на „Боинг“ во Еверет, Вашингтон, во северозападниот дел на САД, за да се збогуваат и да ја прослават испораката на товарниот авион „Боинг 747-8“ на „Атлас Ер“.

Се очекува постоечката флота на авиони да лета уште многу децении, но со прекин на производството на „747“, повеќе од 50 години откако тој авион првпат полета, „Боинг“ затвора едно поглавје во историјата на цивилното воздухопловство.

„Големината, опсегот и ефикасноста на авионот им овозможија на средната класа да патува надвор од Европа или САД по прифатлива цена, дури и за време на енергетските шокови во 1970-тите“, рече Мишел Мерлузо, директор за воздушна и одбранбена анализа во консултантската компанија „ЕР конслалтинг“.

„Го отвори светот“, истакна Мерлузо.

Боинг произведе вкупно 1.574 авиони „747“. Сепак, млазниот авион со текот на времето беше засенет од поновите модели кои летаат поефикасно и трошат помалку гориво.

Комерцијалните авиокомпании во Соединетите Американски Држави не користат „747“ од 2017 година.

Почетоците на „747“ датираат од 1960-тите, период кога авијацијата беше во подем и аеродромите стануваа се попрометни.

По наговор на „Пан Американ Ервејс“, „Боинг“ почна да планира авион кој може да превезува значително повеќе патници.

Инженерите првично замислиле авион со два трупа, но ја напуштиле идејата поради загриженоста за евакуација на патниците.

„Наместо авионот да биде повисок, ‘747’ беше поширок“, рече Мајкл Ломбарди, легендарен дизајнер, „историчар“ на компанијата „Боинг“.

Авионот беше првиот што беше дизајниран со два патеки меѓу седиштата.

„Овој авион секогаш ќе биде препознаен како кралица на небото“, потенцираше Ломбарди на неодамнешниот брифинг со новинарите.

„Боинг 747“ го движат четири мотори и од самиот почеток е замислен како авион кој ќе превезува и товар.

Но, тој императив бараше други прилагодувања, вклучително и потребата да се подигне пилотската кабина над носот, што доведе до иконската „грпка“ на „747“.

„747“ остана најголемиот патнички авион се до доаѓањето на „Ербас 380“ во 2000-тите.

Во 80-тите и 90-тите, „747“ беше „вистински работен коњ на индустријата“, со безброј патувања меѓу дестинации како Њујорк, Париз и Лондон.

Но, доаѓањето на подоцнежните генерации на авиони на долги релации, како што се „Боинг 787 Дримлајнер“ и „Ербас 350“, кои се поекономични во потрошувачката на гориво од „747“, ги промени меѓуконтиненталните патувања, овозможувајќи директно патување помеѓу повеќе места и намалување на доминацијата на центрите.

Поновите авиони „го сменија летањето на она што ние сакаме да биде, од точка до точка“.

Иако Боинг неколкупати го освежи дизајнот на „747“, постојат ограничувања за тоа што можете да направите во споредба со другите опции.

Од последната верзија на млазниот авион „747-8“, кој беше лансиран во 2005 година, „Боинг“ продаде 48 во патничка и 107 во товарна изведба.

Иако „Боинг“ во 2020 година објави дека ќе го прекине производството на „747“, се очекува постојната флота да лета со децении, особено во товарниот сообраќај.

„747 е навистина единствен во својата корисност за транспорт на големи индустриски делови, како што се мотори за океански бродови и поголема опрема на нафтените полиња“, рече Мерлузо, истакнувајќи ја способноста на товарниот авион да носи повеќе од 130 тони.

Авионот на американските претседатели од 1990 година, „747“, се очекува да продолжи со своите службени должности за Белата куќа во догледна иднина, со два авиони „Ер Форс 1“ (Air Force One).

авион актуелно Боинг ербас џамбо-џет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.