На плажата „Техничка радиона“ во Плоче, морето е загадено со фекалии, односно со бактерија Ешерихија коли, па таму не се препорачува капење до понатамошно известување, информираа денеска од Дубровничко-неретванската жупанија.
Краткотрајно загадување со фекалии е потврдено и при осмото редовно испитување на квалитетот на морето што го врши жупанискиот Завод за јавно здравје.
„Утврдено е дека резултатите од направената анализата на мостра од водата во морето, на плажата ‘Техничката радиона’ кај Плоче, земена на 27 август, ги надминуваат граничните вредности за микробиолошкиот показател за Ешерихија коли“, наведуваат од Институтот.

Земањето мостри од морето ќе се повторува до завршување на загадувањето, за што е известен Инспекторатот за заштита на животната средина и другите релевантни инспекции.
Потсетуваме, капењето претходно беше забрането на одредени плажи во Црна Гора. Резултатите од анализата на квалитетот на морската вода на 114 локации, спроведена од Институтот за морска биологија на Црна Гора во периодот од 12 до 19 август, покажаа дека лоша вода за капење е забележана на две локации, во заливот Пржино во Општина Тиват и на Жолтата плажа во Котор.







