Ларс Вилкс, шведскиот карикатурист познат по цртежите за Мухамед кои ги објави во 2007 година, загина во сообраќајна несреќа.
Вилкс, наводно, бил во автомобил на цивилната полиција кој се судрил со камион кај градот Макарида, на југот на Шведска. Загинаа и двајца полицајци, а возачот на камионот е повреден.
Седумдесет и петгодишниот Вилкс живееше под полициска заштита откако беше изложен на закани за убиство.
Во соопштението на полицијата се наведува дека сеуште не е јасно како дошло до сударот, но ништо не укажува на тоа дека некој друг е замешан во случајов.
Да потсетиме, Ал Каеда во Ирак понуди награда од 100.000 долари за негово убиство. Преживеа обид за атентат во Копенхаген кога двајца непознати напаѓачи пукаа во кафетерија во која Викс учествуваше на трибина за слобода на говор. Напаѓачите убија едно лице, а ранија тројца полицајци и избегаа. Вилкс во нападот не беше повреден.
(Фото: ЕПА)







