Во јуришот на илјада приврзаници на Доналд Трамп на зградата на американскиот Конгрес на 6 јануари, за време на заседавањето поповод потврдата на изборната победа на Џо Бајден, од конгресната зграда исчезнал лаптоп со чувствителни податоци, тврдат американски медиуми, заради што, како наведуваат, била „загрозена националната безбедност“.
Главниот федерален обвинител за Вашингтон, Мајкл Шервин, зборуваше во четвртокот за голема кражба од Капитол хил. Тој истакна дека во тек е истрага за да се утврди што се е направено.
„Мораме да видиме што се е однесено од зградата. Можеби е загрозена државната безбедност.“, рече Шервин.
Меѓу украдените предмети е и лаптоп кој веројатно содржи доверливи информации за националната безбедност, јави Си-Би-Ес њуз.
Демонстрантите кои го пробија полицискиот кордон и влегоа во зградата, упаднаа во канцеларијата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, а едно лице кој се претставил како репортер на „Блејз“ на Твитер сподели фотографија од еден од нејзините лаптопи.
Во коментар под сликата „новинарот“ навел дека била отворена електронската пошта, како и предупредување за „моментната револуција“.
Лаптопот, наводно, и припаѓа на советничката за печат на Ненси Полоси, Мија Еренберг.
Во текот на нередите бил извршен упад и во канцеларијата на сенаторот од Орегон, Џеф Меркли, кој на Твитер објави видео запис за она што го нарече уништивање и грабеж. Тој тврди дека и нему му бил украден лаптоп кој му бил на работната маса.
Според наводите на експертите за безбедност и шпионажа кои ги цитираше „Базфилд њуз“ демонстрантите најверојатно стасале до исклучително важни информации.
Во текот на хаосот кој настана во зградата на Конгресот, можеле да се соберат материјали кои противниците би можеле да ги искористат против американските интереси, тврдат експертите, иако признаваат дека е малку веројатно дека некој странски шпион се инфилтрирал во Конгресот.
Како одговор на моментните извештаи, главниот административен службеник на Претставничкиот дом на Конгресот изјави дека во текот на нередите превземал неколку работи за да ја заштити конгресната дигитална инфраструктура, вклучувајќи и издавање на наредби за заклучување на персоналните компјутери и лаптопите и исклучување на пристапот до мрежата.
„До овој момент нема какви било назнаки дека мрежата е загрозена“, изјави тој.
Да потсетиме, во средата приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот после собирот на кој Трамп одржа говор тврдејќи дека претседателските избори се нерегуларни и дека на нив бил направен изборен фалсификат.
Во нередите настрадаа пет лица, а зградата на Конгресот претрпе голема материјална штета.
(Фото: ЕПА)