Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Загубите во туризмот до 80 отсто, секторот бара помош од државата
Економија

Загубите во туризмот до 80 отсто, секторот бара помош од државата

март 11, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

До мај се откажани сите групни тури од странство, драстично е намален бројот на туристите и веќе речиси не постои интерес за посета на државава поради претпазливост.

Се откажуваат и аранжманите на нашите граѓани кои планирале да
патуваат надвор за Велигден.

Состојбата е алармантно лоша.

Секторот засега книжи загуби од 40 до 80 проценти и стравува од можно
затворање на капацитетите.

За да не отпушта вработени и за полесно да ја преброди ситуацијата, бара итна помош од Владата.

Едно од барањата на хотелиерите, туристичките агенции и превозниците е државата да обезбеди финансиска поддршка, иако сé уште немааат пресметано колку точно таа треба да изнесува.

Тие бараат и шест месеци да бидат ослободени од придонеси и даноци на личен доход, како и да се намали данокот на додадена вредност за храната во угостителските објекти од 18 на пет отсто.

Според туристичките комори, засега откажувањата на странските посети од сите земји, освен од Турција, се преку 70 отсто, додека 90 отсто се откажувањата на македонските туристи кои планирале да одат надвор во претстојниот период.

„Наеднаш се соочуваме со резултат нула од сé она што го очекувавме и во кое вложувавме. Ситуацијата алармантно се влошува и ќе потрае веројатно до јуни. Сепак, за нас сезоната е веќе загубена. Сфаќаме дека коронавирусот е глобален проблем, но сите држави преземаат мерки за да ги задржат луѓето во туристичкиот сектор на работа. Всушност, нам тоа сега ни е и најголем проблем. Паниката го прави своето, но не смееме да дозволиме компаниите да банкротираат“, истакна Влатко Сулев од Националната асоцијација за инкаминг туризам, предочувајќи ја како пример Словенија која веќе одвоила една милијарда евра поддршка за туризмот.

Според Даниела Василевска од Стопанската комора на Македонија, неопходно е неодложно делување и поддршка од страна на Владата и надлежните институции за да не дојде до рапидно намалување на вработените во туристичкиот сектор.

„Бараме итно да бидат преземени следните мерки: осолобдување од придонеси и даноци на личен доход шест месеци, намалување на ДДВ од 18 на пет отсто, формирање фонд за ублажување на штетите од КОВИД-19, упатства од Министерството за економија за реагирање при конфликти меѓу клиенти, добавувачи и турисички компании, измена на
програмата на Агенцијата за туризам со цел адектватен одговор на новонастанатата ситуацијаизмени на правилникот на ЗАМП, прифаќање на предлогот за измени на Законот за туристичка дејност во делот за осигурување, воведување ваучери за планинските центри за најзасегнатите категории граѓани со важност до први јуни 2020, како и одржување конференции семинари, симпозиуми дома, наместо во странство“, истакна Василевска.

Владимир Граматиков од Комората за туризам при Сојузот на стопански комори, дополни дека овие мерки се многу благи и не се за обесштетување на туристичките комори, туку за нивно полесно справување со ситуацијата.

„Апелираме и македонските туристи во претстојниот период да се насочат кон домашните дестинации и сместувачки капацитети со што би му помогнале на секторот“, рече Граматиков.

И хотелиерите укажаа на негативните последици.

Се пожалија дека странските тур-оператори бараат намалување на букираните сместувања и одложено плаќање.

„За велигденските празници ќе има гости, но главно од регионот. Ситуацијата внимателно ќе се следи и ќе се реагира веднаш ако за тоа има потреба“, рече Асим Меџедовиќ од ХОТАМ.

Туристичките комори информираа дека нивните членки (агенциите) не реализирале ниту едно патување во Италија изминатиов период, но и дека не ги откажале осмомартовските патувања во други земји како Германија, Франција, Полска, Чешка,…

Официјалната статистика за бројот на туристи и ноќевања во земјава се
очекуваат наредните денови.

Тогаш и точно ќе се знае колкави се разликите од претходната година, беше речено на пресконференцијата.

Во туристичкиот сектор директно се вработени 20.000 лица, а индиректно преку 100.000. Мерките што беа презентирани денеска, се веќе доставени до Министерството за економија.

Коморите очекуваат позитивен одговор.

актуелно сектор туризам
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.