Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Барањата на ВМРО-ДПМНЕ се апсолутно неприфатливи
Македонија

Заев: Барањата на ВМРО-ДПМНЕ се апсолутно неприфатливи

октомври 4, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада со мандат од 100 дена според Пржинскиот модел, за нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот се апсолутно неприфатливи, изјави денеска во Охрид премиерот Зоран Заев.

„Ниту има причина, ниту има потреба да се дискутира за вакви работи. Самите институции дадоа свои коментари. Да се бара комисија која ќе провери дали референдумот бил законски, дали имало законитост во неговото спроведување и слично во услови кога претседателот на ДИК е од ВМРО-ДПМНЕ, како и Управниот суд во кој нема сменето ниту еден член, само по себе кажува што всушност се сака со ваквите барања, истакна Заев.

Најави дека останува на ставот во наредните денови да се разговара со пратеници во Собранието во, како што наведе, во една пријатна, нормална и одговорна атмосфера.

„Веруваме дека ќе имаме некаков резултат до крајот на неделава или почетокот на наредната.  Некаде околу 10 октомври е некаков таргет кога треба да и соопштиме на јавноста кои се следните чекори. Се надевам дека ќе имаме можност да соопштиме дека е обезбедено потребното двотретинско мнозинство, рече Заев.

Тоа, според него, ќе биде добро за државата бидејќи Македонија нема да загуби непотребни месеци, но нагласи дека секако останува отворена можноста целата оваа ситуација да се решава преку вонредни парламентарни избори, кои, како што посочи, не ги посакува.

Вели дека би сакал да го доврши сегашниот мандат пред се поради доброто на македонската економија, за реформите и за сите тековни процеси.

Прашан дали ќе разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, премиерот Заев рече дека нема што да разговара со него.

„Во минатото дадовме карт-бланш за техничка влада. Ги прифативме барањата за финансирање на политичките партии, ја формиравме Државната изборна комисија со претседател од ВМРО-ДПМНЕ. За возврат апсолутно не сакаа ни да разговараат за некаков начин за успешна поддршка на процесите кои се важни за Македонија, рече премиерот.

Во контекст на тоа Заев додаде дека доколку се обиде било што, со тоа само повеќе ќе се оддалечат едни од други во ставовите и нема да се дојде до решение.

„Таа е работа на пратениците. Тие треба да разговараат. Јас веќе одржав два состанока со координаторот пратеничката група, со замениците координатори, со многу наши пратеници, кои на колегијално ниво ќе разговаараат. Ќе се видам и јас лично со некои пратеници за да ја постигнеме целта што ќе значи конечно Македонија да ја потврди оваа неповторлива шанса за интеграција во НАТО и во ЕУ, рече Заев.

Прашан дали постои опасност опозицијата да ги бојкотирта изборите ако не бидат исполнети нејзините услови, Заев рече дека не верува во таква можност бидејќи, како што наведе „тој процес е заокружен кога била лидерската средба со прифаќањето на пржинска техничка влада  и со тоа апсолутно е заокружен процесот“.

„Секако, секогаш може да се измислуваат нови бајки и приказни или било што друго ако некој сака да ескивира процес, но да се држиме до она што е сега стратегија, она што е исправно за државата, да се обидеме прво со пратениците, па ако не, тогаш ќе ги отвориме овие дебати за учеството на сите во изборите, изјави Заев во Охрид каде што учествува на научна конференција за идниот економски развој на Македонија што ја организира МАНУ.

актуелно вмро-дпмне Заев македонија МАНУ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.