Зоран Заев денеска го посети Зијадин Села, претседателот на Движењето за реформи во ДПА, кој се наоѓа во болница по претепувањето во упадот на насилници во македонското Собрание.
„Мене ми е драго што мојот колега Зијадин Села напредува и е во добра здравствена состојба. Тој ги слуша лекарите, принципиелен е и е внимателен кога се работи за здравјето. Разговараме и за следните политички чекори кои, како потенцијални партнери, сакаме да ги придвижиме работите и разменивме информации, согледувања и планови. Секако сега работиме за да ги придвижиме работите онака како што е пропишано по закон и по деловник. Се очекува сега Ѓорге Иванов во рок од 10 дена да го додели мандатот затоа што писмото е кај него“, рече Заев по посетата на Села.







