Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев – Дармановиќ: Црна Гора ја поддржува Македонија во НАТО-аспирациите
Македонија

Заев – Дармановиќ: Црна Гора ја поддржува Македонија во НАТО-аспирациите

ноември 10, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров и од државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, вчера се сретна со црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ, придружуван од амбасадорот на Република Црна Гора во земјава, Предраг Митровиќ.

Дармановиќ, како што соопшти владината прес-служба, оценил дека граѓаните на Република Македонија дале силна поддршка за отворениот реформски и мултиетнички концепт на новата влада, што се покажа на последните избори и дека ваквите владини политики ги отвораат евроатлантските перспективи на Македонија. Министерот Дармановиќ додал дека е забележителен напредокот на Македонија по промените, која е добар пример за регионот.
Црна Гора, која го презеде од Македонија претседавањето со Јадранската група, како што било истакнато, ја поддржува Република Македонија во НАТО-аспирациите и ќе застане зад државата на тој пат.

На средбата заеднички е констатирано дека честите средби на високи владини нивоа помеѓу Република Македонија и Република Црна Гора придонесуваат и за интензивирање на соработката помеѓу двете држави и за регионалната соработка, која е важна во евроатлантските процеси на земјите.
„Владата на Република Македонија работи на унапредување на стандардот на граѓаните и на зајакнување на регионалните односи за да обезбеди и квалитетен живот во Македонија и остварување на стратегиските цели на државата за членство во ЕУ и во НАТО. Во тек се активни реформски процеси, во делот на правосудството е направен првиот исчекор преку предлогот за независно решение за републички јавен обвинител, ќе следуваат и законски реформи во оваа област, почнати се реформите на тајните служби што беа меѓу причинителите на политичката криза, а паралелно се одвиваат реформски процеси и во други области.

Се надеваме дека и опозицијата ќе биде конструктивна и со придонес од сите страни ќе овозможиме Македонија да стане членка на НАТО и да се придвижи на патот кон ЕУ – истакнал Заев.
Тој додал дека членството на Република Црна Гора во НАТО е мотивирачки пример како, ако се има политичка волја, може да се постигнат резултати.

Црногорскиот министер за надворешни работи Дармановиќ дополнил и дека добивањето датум за преговори на Република Македонија со ЕУ ќе биде дополнителен важен импулс за отворени европски перспективи за целиот регион.
На средбата, премиерот Заев и министерот за надворешни работи на Црна Гора, Дармановиќ, разговарале и за соработката во областа на инвестициите и економијата.

актуелно драгомановиќ Заев македонија црна гора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.