Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Добив лично уверување од премиерот Санчез дека Шпанија многу скоро ќе го ратификува Протоколот
Македонија

Заев: Добив лично уверување од премиерот Санчез дека Шпанија многу скоро ќе го ратификува Протоколот

декември 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Премиерот Зоран Заев во изјава за медиуми по самитот на НАТО во Лондон рече дека добил лично уверување од шпанскиот премиер Педро Санчез дека Шпанија многу скоро ќе ја депонира ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја за членство во НАТО во Вашингтон.

Заев, меѓудругото рече дека денес Северна Македонија го живее сонот на генерациите пред нас, на сите граѓани и лидери од нашата земја кои се вградени во остварувањето на стратешкиот стремеж кој започна со независноста на нашата земја – се исполнува деценискиот стремеж нашата татковина да ја направиме членка на НАТО.

„Овие два дена во Лондон, кога нашата Северна Македонија е претставена на највисоко владино ниво на Состанокот на лидерите на НАТО, по повод 70-годишнината од Алијансата, се остварува на сонот, заедничкиот сон за национален успех на сите наши граѓани. Иднината на Северна Македонија има адреса. На таа адреса е запишана трајната безбедност и сигурност за земјата и за граѓаните. Таа адреса е Главното Седиште на НАТО во Брисел, рече Заев.

Посочи дека и во Брисел, како и денеска во Лондон, уште еднаш ќе се крене и ќе остане кренато знамето на Северна Македонија, како на земја полноправна членка на најмоќниот воен и безбедносен сојуз на светот.

„Овие два дена во Лондон, во друштвото на лидерите на сите земји членки, на средбите со премиерите на Обединетото Кралство и на Канада Борис Џонсон и Џастин Трудо, потврдуваме дека НАТО е најмоќниот безбедносен и воен сојуз, но и симбол и синоним на највисоки демократски вредности, а ние сме дел од ова моќно семејство, истакна Заев.

Додаде дека како дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност, земја во која граѓаните, младите и децата имаат сигурна иднина.

„Денеска со право можеме да кажеме дека сме дел од глобалните процеси кои не ставаат во редот на сојузниците со кои заеднички ќе се справуваме со сите конвенционални и хибридни закани за сигурноста, безбедноста, и за мирот. Овој генерациски успех на нашата земја нека биде поттик за ЕУ да ја поправи својата грешка во однос на нашето отпочнување на преговорите за членство, а за сите нас дома нека биде поттик уште посилно да ги продолжиме нашите реформи и да си ја
направиме земјата уште поубаво и подобро место за живеење, истакна Заев.

Заев порача дека членството во НАТО е горивото да продолжиме со одлучноста, посветеноста и храброста и да го завршиме и нашиот пат до членство во ЕУ

„Македонските граѓани заслужија убава иднина, денес НАТО го потврдува тоа, рече Заев во изјава за медиуми по самитот на Алијансата во Лондон.

 

ИЗВОР: МИА

актуелно Заев премиер санчез уверување Шпанија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.