Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Електричен трамвај во Скопје и гасификација за намалување на загадувањето
Македонија

Заев: Електричен трамвај во Скопје и гасификација за намалување на загадувањето

октомври 31, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поради енормното загадување на воздухот што во изминатите деновиве се случува во Скопје и во Куманово, но и во другите градови во земјата формирани се тимови со седум владини советници кои работата на координација на сите инспенторати вклучувајќи го и МВР. Целта е, како што појасни премиерот Заев на денешната седница за пратенички прашања е да се да се делува веднаш и директно за да се спречи загадување на воздухот.

-Вчера на консултативна седница на Владата на иницијатива на министерот за животна средина оформивме дополнително тимови да делуваме таму каде што можеме директно и веднаш да го промениме, каде што МВР и сите инспекторати под контрола на кабинетот на премиерот на дневна основа ќе се вклучат за дополнително да придонесат кон затворање на проблематиката за огнови на јавни места, на палење на шумите на дополнително палење коешто предизвикува загадување. Седум советници од мојот кабинет од вчера попладне работат на координација на сите инспекторати во државата и Инспекторатот за животна средина да бидат на терен заедно со МВР се со цел да делуваме таму каде што може да делуваме, рече Заев одговарајќи на прашање на пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ за мерките против загадувањето во земјата.

Зборувајќи за мерките за заштита на животната средина и за спречување на загадувањето на воздухот, премиерот искажа жалење што поранешната влада гасификацијата ја започнала на крајот на мандатотот а требало тоа да го направи тоа многу порано. На само два месеци пред крајот на годината, додаде тој, 83 отсто од предвидените планвои за гасифиакција се реализирани за оваа година.

-Се работат двата главни коридора, Коридорот Неготино-КавадарциПрилеп-Битола и другиот Коридор Скопје-Тетово-Гостивар. Паралелно се завршуваат постапките за епспроријација за Струга-Кичево. Сите општини добија налог да ги работат главните проекти, така и Градот Скопје. Од поголемите градови повеќе од 50 проценти веќе имаат изработено главни проекти со конечна цел да се отвори дебата кој модел ќе се спроведе за гасификација. Гасифицирани градови се Струмица и Куманово, рече Заев
посочувајќи дека има четири опции за воведување на гасификацијата.

Во посета во Владата досега биле повеќе од десетина компании кои се занимаваат со гасификација. Очекува во 2020 година да се отпочне со изградба на секундарни и терцијални гасоводни системи барем во поголемите десетина градови во државата согласно одлуките што ќе ги донесат општините.

За Скопје, кој исто така е во процес на гасификација, Заев најави воведување на електричен транвај со проектирана вредност од околу 100 милиони евра.

-Намерата на Владата е да повлече кредитна линија во 2020 година, а постапката да ја почне уште сега за да може да се заврши целата тендерска состојба во текот на зимскиот период и за да може градот Скопје да влезе во имплементација и реализација на проектот за електричен трамвај, се надеваме дека тоа може да го направиме од Ван Хол кој ги произведува овде, но секако постапката согласно јавните
набавки е јасна, истакна премиерот.

Владата има повеќе од 15 милиони евра предвидени јавни државни пари за борба против загадениот воздух, покрај тоа секое министерство има алоцирано средства за заштита на животната средина, а најмногу Министерството за животна средина.

Министерството за здравство определило буџетски средства за адаптирање на системите за греење и приклучок на гас во повеќе болници меѓу кои болницата за Чаир и за Куманово, за којашто и Владата одвоила средства. Дополнително Владата финансиски ќе поддржи адаптирање на системите за греење и на затворот Скопје и за студенските домови.

Инверторите се само една од новините, додаде Заев ако не сметаме на гасификацијата , фотоволтаиците, и се друго што е во полза на екологијата и заштитата на животната средина и чистиот воздух. Министерството за животна средина има одвоено 618 милиони денари конкретно за инвенторите, постапка која почнува преку општини и тоа градот Скопје, Битола, Тетово, Кичево, а согласно одлука на Влада се проширува и во Куманово и во многу други општини понатаму.

-Следната година продолжуваме на целата територија на државата и подготвени сме да носиме законски решенија за зголемување на свесноста за спроведување на проектите за заштита на животната средина.

Дополнително многу инвестиции се насочени кон обновливи извори на енергија, рече Заев.

актуелно загадување Заев трамвај
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.