Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев е убеден дека ќе добие нов мандат за премиер
Македонија

Заев е убеден дека ќе добие нов мандат за премиер

декември 26, 2019Updated:декември 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Суштините на политиките имаат директен импакт кај граѓаните кои се наши гласачи. Убеден сум дека добивам нов мандат за премиер зашто политиките што ги водевме се насочени кон државата, порача премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

„Неколку пати досега кажав дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори ќе биде од 60 до 120.000 гласови. Тоа е непобитен факт и сега го потврдува и анкетата на МЦМС, рече Заев.

Тој посочи дека МЦМС е невладина организација која се финансира од меѓународни институции и низ годините години има изградено свој рејтинг и кредибилитет.

„Многу често и на нас не ни се допаѓале анкетите што ги правеле во минатото, но овој пат вам не ви се допаѓаат. Тоа ќе се случува се додека се вакви политиките и ставовите на политичките партии и се додека граѓаните ги држи сеќавањето какви биле резултатите во минатото и какви се сега. Тоа е непобитен факт и секоја анкета ќе го потврдува. Како што поминува времето одреден број разочарани гласачи од власта, пред се од СДСМ, ќе се вратаат и ќе гласат зошто се ежат од помислата дека ВМРОДПМНЕ може да дојде на власт, им порача Заев на претениците од ВМРОДПМНЕ.

Нагласи дека граѓаните се свесни оти ако се врати ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе се појават нови конфронтации дома преку меѓунационалните односи и нови кавги со Грција и Бугарија.

„Доказ и непобитен факт е дека има нула Албанци што ќе гласааат за вас, а тоа го покажуваат сите анкети. Граѓаните знаат што значи тој ризик.

Втората работа е веднаш кавги со Мицотакис и Борисов, ново вето, нови горчини, ново застанување во калта и стоење во место, потенцира Заев.

Граѓаните знаат, додаде, дека сме на прав пат, а друг пат не постои.

„Некој пат е горчлив, некој пат боли, но тоа е патот ако сакаме да бидеме нормална европска земја со европеизирани институции и економски стандард доволно мотивирачки за сите граѓани, а пред се младите, да не помислуваат да ја напуштат државата, рече Заев.

Премиерот му препорача на лицерот на опозицијата да прифати земјава да биде една изборна единица и потоа, како што рече, ќе се договорат оној што ќе изгуби на изборите да се откаже од политиката.

„Мојата амбиција не е да бидам пратеник. Мојата амбиција е – барам чист мандат во кој се решени крупните проблеми на државата и интеграциите се заокружена работа. Убеден сум дека ќе добијам нов мандат за премиер, а ако народот одлучи поинаку се разбира – сите по дома зашто политиките што ги водиме се искрени, насочени кон државата и немаме никакви предрасуди. No more secret, нема тајни, се се знае во државата.

Менувајте ги политиките зошто подолго ќе останете во опозиција, потенцира Заев во одговорот на пратеничко прашање.

актуелно Заев мандат премиер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.