Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев за белградски „Курир“: „Сакам да ме паметат по добри работи“
Македонија

Заев за белградски „Курир“: „Сакам да ме паметат по добри работи“

јуни 13, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Влегов во политиката по совет на мојот чичко кој ми рече дека некој мора да ги научи политичарите да дизајнираат различно опкружување, да создадат фер можности за
секого, вели премиерот Зоран Заев во интервју за белградски „Курир“.

„Зошто влегов во политика? Беше 1995-96 година. Чичко ми рече дека некој од деловниот сектор мора да влезе во политика затоа што политичарите работат само со професори и не знаат каква е реалноста. Дека некој мора да ги научи политичарите да дизајнираат различно опкружување, да создадат фер можности за секого. Станав пратеник во 2003 година, а градоначалник на Струмица во 2005 година, што бев 12
години. Јас сум премиер од 2017-та. И кој ме контролира?! Па, мислам дека само (сопругата) Зорица ме контролира. Затоа што, знаете како велат – и над шефот има шеф, вели Заев.

Тој во интревјуто нагласува дека му претставува голема чест и одговорност што е премиер.

„Никогаш не сонував дека ќе бидам премиер на мојата земја. Роден сум во Муртино, работев земјоделство, продавав на пазар. Но, животот носи непознати патеки. Премиерот треба да служи максимум два мандати, бидејќи постои ризик да стане автократ. Тоа е ризик насекаде, но особено на Балканот. Здраво е што секогаш доаѓаат нови луѓе. Јас сум во мојот втор мандат, кој треба да биде до 2024 година и верувам дека тогаш ќе го завршам. Потоа ќе се вратам во нашите компании, повторно
да се занимавам со комерција“, додава Заев.

„Курир“ во воведот на итервјуто неведува дека шефот на македонската Влада има биографија за која повеќето политичари, не само од Балканот, можат само да сонуваат.

Заев објаснува како стигнал од продавач на лубеници до најважната позиција во земјата, каков однос има со неговите родители денес, како го заработил првиот милион и зошто понекогаш сака да бега со мотор.

Посочува и дека неговото име е поврзано со Србија, првата девојка ја имал во Горњи Милановац, првиот дополнителен профит го заработил со продажба на детергент за
перење алишта од Србија, а и првите милиони му се од продажба на суви пиперки во Србија.

„Првата голема заработка, 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица и му го дадовме на „Хоргош“ за производство. Во 2001 година во Суботица преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договор падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана“, истакнува премиерот.

Тој наведува дека ако го прашате неговото семејство каде е создаден капиталот, ќе ви одговорат дека тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики.

„И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже некој српски политичар дека Заев има резерви кон Србија“, додава премиерот.

За тоа како ќе остане запаметен, Заев вели дека прво ќе го паметат во Струмица, која, како што нагласува, е најуспешната општина.

„И за сто години, некој ќе рече дека, кога Зоран Заев беше градоначалник, тој го правеше тоа и тоа… Значи, сакам да оставам што е можно повеќе добри работи. За син ми, мојот внук да речат ‘Кога татко ми, дедо ми беше премиер, тоа и тоа беше сторено’. Македонците и граѓаните од сите други националности ќе кажат дека кога Зоран Заев беше премиер, Северна Македонија стана членка на НАТО. И се надевам дека ќе започнат преговорите со ЕУ. Исто така, се надевам дека ќе зборуваат за тоа како е зголемена социјалната помош за триста процент. Значи, не три, не триесет, туку триста проценти. Како е зголемена просечната плата за 70 проценти за неколку години, како се зголемија пензиите…“, истакнува Заев во интервјуто.

актуелно Зоран Заев македонија премиер србија струмица
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.