Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев за Отворен Балкан: Косово како суверена и независна држава ги гради своите ставови, а ние ги почитуваме
Македонија

Заев за Отворен Балкан: Косово како суверена и независна држава ги гради своите ставови, а ние ги почитуваме

септември 16, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За Отворен Балкан како премиери имаме различен став, но тоа не ни е пречка одлично да соработуваме затоа што должност ни е да им служиме на нашите граѓаните, на
економијата, на коморите, на институциите и тоа токму го правиме, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти, одговарајќи на новинарско прашање што тој мисли дека треба како став да има Косово за Отворен Балкан

„Јас само ќе кажам дека Косово е суверена и независна држава, ги гради своите ставови и ги почитуваме тие ставови. Како човек ќе кажам дека сум познат по постигнување на договори, доказ за тоа се и договорот со Бугарија и Преспанскиот договор, рече Заев.

Според него, на Балканот треба да има дијалог, треба да има разговори, да постигнува договори. На тој начин, смета Заев, повеќе ќе се европеизираме, ќе ја унапредиме регионалната соработка и ќе го засилиме нашиот пат кон ЕУ.

– Целиот Западен Балкан, сите шест земји немаат друга алтернатива освен членството во ЕУ. Секое билатерално, мултилатерално договорање овде во регионот е апсолутно заради побрза, поефикасна иднина во ЕУ на сите наши земји, нагласи Заев.

Нашата земја, додаде, покажа храбри чекори заради постигнување на таа цел, а тоа, како што посочи, е полноправно членство во ЕУ.

– Ја постигнавме втората стратешка цел, НАТО. Во едни такви околности мислиме дека ако регионот повеќе соработува и Западна Европа и северна Европа и останатиот дел од Европа уште повеќе ќе почитува.

Балканот веќе не е буре барут, Балканот не е темпирана бомба.

Балканот е балкан на 21 век, ние денес и билатерално тоа го потврдивме со Република Косово, сите наши министри, ние како премиери. Јас сум уверен дека во иднина дијалогот, дипломатијата добрата мисла, пријателството, подадената рака се иднината на европскиот дел на Балканот. Нашето место е заслужено да биде таму, како членки на ЕУ, истакна Заев.

Премиерот Курти, пак, посочи дека сакаат што повеќе соработка и остварување на договорите на билатерално ниво меѓу Косово и Северна Македонија, а денешната средба меѓу двете влади, според него, е доказ за тоа.

– Ние сме ориентирани кон иднината, за нас иднината е Европската Унија. Значи ЕУ е нашата среќа, додека Европа е нашиот континент.

Затоа, ние ќе ги поттикнеме сите регионални соработки, кои што за цел ја имаат ЕУ, рече Курти.

Додаде дека заедничката желба која ја покажале на овој состанок за нив е гаранција дека тоа што е потпишано на хартија ќе биде остварено и во реалноста.

– Оваа наша подготвеност и сериозноста која ја прикажуваме убеден сум дека сите овие договори ќе бидат остварени, а потоа да продолжиме да ги остваруваме и другите позитивни договори коишто беа сопрени. Верувам дека до крајот на нашиот мандат, нема да има потреба на крајот да зборуваме за неостварени договори, туку само за
нашите заеднички достигања, на секое од полињата од овие 11 договори кои ги спомнав претходно, рече Курти.

 

 

актуелно Заев Косово Курти отворен балкан
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.