Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Има време да се донесе Законот за јавно обвинителство
Македонија

Заев: Има време да се донесе Законот за јавно обвинителство

февруари 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

-Има време да се донесе Законот за јавно обвинителство, верувам дека до крајот на викендот Владата може да го пушти законот со прифатените забелешки и сугестии на сите пратенички групи. Парламентот да ги искористи трите дена, понеделник, вторник и среда да го гласаме. Тоа не го нарушува воопшто датумот за одржувањето на изборите, изјави лидерот на СДСМ и доскорешен премиер Зоран Заев.

Посочи дека разговарал со сите пратенички групи и дека се поприлично блиску и останува само да го видат конечното целосно решение за да се согласат.

-Апелирам до сите. Од ВМРО-ДПМНЕ дигнав раце, ама апелирам и до нив. Имаме квалитетно законско решение. Консултирано е со стручни служби од јавното обвинителство до највисоко ниво, е применлив и нема да направи никаква штета. Напротив, ќе ја организира државата онака како што треба. Ми дава за право да верувам дека можеме да смогнеме сили да го донесеме Законот. Внатре имаме фер и еднаков третман за сите, изјави Заев.

Во однос на барањата на ВМРО-ДПМНЕ за експертско решение за Законот за ЈО, Заев рече дека две години разговараат и нема ниту еден предлог и решение

– Експерти после две години? Па јас две години разговарам со господинот Мицкоски. Едно решение да дадоа, да видев едно решение да дадоа. Експертите им се сите на располагање. Две години поминаа. Па каква е сериозноста и пораката кон граѓаните. Несериозно е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и таквото несериозно однесување ќе се докаже и на изборите, изјави Заев.

Повторно нагласи дека изборите ќе се одржат на 12 април, потсетувајќи дека постои можност само за одложување на распуштањето на Парламентот.

– Парламентот дали ќе се распушти на 12 или на 14, 17 законот тоа го дозволува. Како што речеТалат Џафери важно е да се запазат неопходните рокови на ДИК за спроведување на изборите. Тие се некои 52-3 дена, изјави Заев.

Изрази уверување дека може навремено да се завршат работите, вклучително и гласањето на законот за ЈО, ратификација на НАТО протоколот и Законот за одбрана.

Во однос на промените на изборните единици, рече дека проблемот е што нема аргументи за каков било договор, бидејќи податоците кои ги имаме се од пописот во 2001 година.

– Ако нешто тргнете да менувате мора да има соодветна база. Кој податок да го земеме. Можеме да направиме само непоправлива штета во делот на нерамномерната застапеност во Парламентот. Некаде може да имаме 20 мандати од една изборна единица на излезени 140 илјади гласачи, а некаде 20 мандати на 240 илјади гласачи. Тоа не е еднаква застапеност во Парламентот. Волја има, но не можеме тоа да го аргументираме ниту законски, ниту пред народот, зошто нема податок што може да го земеме што ќе биде основа за промена на границите на изборните единици, изјави Заев.

За точката за распуштање на Парламентот, рече дека треба сите да ја гласаат како што е договорено.

– Ако дотогаш протоколот за НАТО не е изгласан, зарем треба да го распуштиме Парламентот? Не, треба да го изгласаме протоколот за НАТО, треба да го изгласаме Законот за одбрана и треба да го ставиме на гласање Законот за ЈО. Многу важни работи за нашата интеграција за НАТО и ЕУ. Најмалку, да бидеме одговорни пред своите граѓани, ќе направиме обид за гласање на овие закони, изјави Заев.

актуелно Заев закон јо
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.