Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев и Ахмети ќе договараат консензуален кандидат
Македонија

Заев и Ахмети ќе договараат консензуален кандидат

февруари 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Собранието на Северна Република Македонија каде е закажана седница за пратенички прашања ќе разговараат за утврдување на заеднички кандидат за претстојните претседателски избори.

Заев вчера пред координацискиот состанок на партијата изјави дека не се многу далеку од изборот на заеднички кандидат со политичките партии со кои разговараат за тоа, вклучувајќи го и коалицискиот партнер во Владата, ДУИ.

„Во текот на постапката за селектирање на заеднички кандидат вечерва ќе имаме и доста телефонски контакти и други видови на разговори со нашите секретари коишто се во комуникaција  со органите на политички партии со коишто разговараме за да видиме дали има евентуално исчекор  или можност да се дојде до заеднички кандидат. Информациите ми се позитивни, не сме многу далеку. Верувам дека имињата ќе бидат конечната причина за изнаоѓање на заеднички кандидат, рече Заев.

Тој потврди дека денеска ќе се сретне со лидерот на ДУИ Ахмети и оти првпат ќе има информации за ставовите за најголемиот партнер во коалицијата.

„Верувам дека тие веќе разговарале и имаат свои гледишта.Сигурно ако разговарале во функција на заеднички кандидат, имаат имиња, имаат свои анализи. Ние споделивме наши анализи, а тие имаат свои анализи. Утре додека траат пратеничките прашања, ние ќе ја оствариме самата средба на која ќе имаме подетални информации за тоа да ли е возможно СДСМ и ДУИ, а секако и сите други политички субјекти со кои разговаравме, да дојдеме до едно заедничко име за кандидат за претседател  на РСМ, појасни Заев.

Во врска со случувањата во Собранието од координацијата ќе произлезе дали за тоа ќе разговараат и на средбата со Ахмети притоа оставајќи ги сите опции отворени во врска со понатамошното коалицирање.

„Коалицијата не е создадена за еден ден. Таа има свои стратешки орпеделби и заедничка програма на Владата. Ќе сакаме да ги слушнеме и аргументите од нашите партнери за да можеме на крајот да носиме заклучоци за ваквите прашања. Да им дадеме шанса на аргументите, да разговараме заедно сите како што и им личи на демократските партии, рече лидерот на СДСМ.

За тоа како ја коментира изјавата на потпретседателот на партијата Мухамед Зекири дека имаат 61 пратеник без ДУИ, Заев не се согласи со тоа, појаснувајќи дека заедно со коалицијата имаат 68 пратеници, а без ДУИ 58. Остави простор да се слушнат аргументите на сите пратеници, вклучувајќи го и Зекири, но и од ДУИ, за да можат на крајот да донесат заклучок.

Ахмети, пак, вчера по средбата во скопското седиште на партија со шефот на албанската дипломатија Гент Цакај, изрази уверување дека со владиниот коалициски партнер ќе најдат решение за консензуален претседателски кандидат.

Тој рече и дека нема проблеми во функционирањето на владеачката коалиција, коментирајќи ја при тоа изјавата на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири дека е можна влада без ДУИ.

„Ве уверувам дека нема преписки меѓу коалициските партнери. Можно е да постојат разлики за одредени прашања што не го загрозуваат интегритетот или моралот на ДУИ или СДСМ. Земјата има потреба за повеќе мир, комуникација и соработка помеѓу политичките сили на власт и опозицијата. Ниту опозицијата не може да се исклучи од овие важни процеси. Доколку може да има влада без ДУИ би рекол дека се прави голема грешка, но тоа може да биде изјава на член или на функционер на СДСМ кој нема одговорност за големата историска мисија што ја има Република Македонија. Јас во оваа ситуација имам одговорност пред граѓаните на Македонија било да се Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Власи и во оваа ситуација не се служам со политичка емоција за дневна политика, за рејтинг итн. Јас сум за национална политика, која е корисна за сите граѓани, рече Ахмети.

Во Собранието денеска попладне Заев ќе има средба и со претседателот на Демократската партија на Турците Бејџан Илјас, а тема ќе бидат следните претседателски изјави.

актуелно ахмети Договор Заев Претседател
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.