Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев и Борисов денеска ќе го потпишат Договорот за добрососедство
Македонија

Заев и Борисов денеска ќе го потпишат Договорот за добрососедство

август 1, 2017Updated:август 1, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерите на Македонија и на Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска во Скопје ќе го потпишат Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Премиерот Борисов, кој доаѓа во дводневна официјалана посета на Република Македонија на покана на премиерот Заев, предводи висока државна делегација на Република Бугарија. Тој ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред Владата на Република Македонија. Предвидена е тет-а-тет средба на двајцата премиери, а потоа и средба на делегациите на владите на двете земји по што ќе се одржи церемонијата на потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија од страна на премиерите Заев и Борисов. По потпишувањето на договорот предвидени се изјави на двајцата премиери.

Како составен дел на оваа церемонија се и потпишувањата на меморандуми за соработка од страна на ресорните министри за транспорт, односно енергетика и економија.

Високата државна владина делегација на Република Бугарија ќе биде примена од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и од претседателот на Собранието Талат Џафери.

Програмата на официјалната посета на претседателот на Владата на Република Бугарија на Република Македонија ќе финишира утре со заедничко чествување по повод националниот празник Илинден во црквата Свети Спас во Скопје. Премиерите Заев и Борисов заедно ќе положат венци цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Македонскиот премиер Заев минатата недела презентирајќи го текстот на Договорот пред јавноста истакна дека Договорот за добрососедство со Бугарија е во согласност со националите интереси на Македонија, нуди огромни можности за соработка и го отвора патот кон ЕУ и НАТО. Најави дека ќе биде потпишан на македонски јазик според Уставот на Република Македонија и на бугарски според Уставот на Република Бугарија и дека ќе биде јавно достапен на веб-страницата на Владата.

„ Во Бугарија имаме пријател и сосед со кој заеднички ќе ги решаваме проблемите, и кој го поддржува приемот на Македонија во ЕУ и во НАТО без условување, рече Заев.

Бугарскиот премиер Борисов, пак, оцени дека со потпишувањето на Договорот ќе биде отворена нова страница во односите меѓу двете земји и ќе се востановат односи на искрено пријателство, базирани на европските вредности. Договорот, вели Борисов, и ги отвора на Македонија вратите кон НАТО и ЕУ.

Во Македонија опозициската ВМРО-ДПМНЕ викендов на седница на Централниот комитет одлучи дека нема да го поддржи Договорот во Парламентот бидејќи не е прифатена ниту една од нивните забелешки за сите спорни прашања, за кои сметаат дека можат да нанесат долгорочни штети по државните и националните интереси на Република Македонија и македонскиот народ, јазик и историја.

Наспроти македонската опозиција, бугарскиот Парламент, минатата недела едногласно со 206 гласови „за“ донесе Декларација со која го поддржа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија и изрази подготвеност да ги почне процедурите за негова ратификација во најкус рок по неговото потпишувањето.

Преку заедничко соопштение Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија го поздравија амбасадите на САД во Скопје и Софија и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

„ Договорот ги потврдува блиските врски меѓу Македонија и Бугарија и ја демонстрира добрата волја од страна на двете држави да ја засилат меѓусебната соработка во интерес на своите граѓани.

Таквиот ангажман претставува охрабрувачки пример за решавање на спорните прашања меѓу соседите и за зацврстување на политичката стабилност и засилување на економскиот развој на Западен Балкан.

Ние ги поздравуваме Македонија и Бугарија за овој историски чекор насочен кон иднината, се наведува во заедничкото соопштение на амбасадите на САД во Скопје и во Софија.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија амбасадорот Самуел Жбогар оцени дека Договорот за добросоедство со Бугарија е пример како две држави можат сами да решат проблем кој постоел многу години. – Јас морам да го поздравам овој договор, затоа што мислам дека е договор кој ќе ги промени односите не само меѓу двете земји, туку и во регионот.

Тоа е пример како две држави можат да го решат проблемот кој постоел многу години, и како можат да го отворат патот на соработка за во иднина, вели амбасадорот Жбогар.

Очекувани резултати од потпишувањето на Договорот се соработка на билатерален и мултилатерален план, унапредување на транспортните врски и комуникации, олеснување на царинските и граничните формалности, издвојување средства за региопнални инфраструктурни и прекугранични проекти, како и олеснување на контактите меѓу граѓаните на двете држави.

актуелно бугарија ЕУ македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.