Премиерот на Македонија, Зоран Заев, во интервју за телевизијата Н1 потврди дека ги решил сите отворени прашања што ги имал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по неговата изјава за македонското сценарио кое може да се прелее во Србија, но и по информациите кои велат дека поранешен член на БИА беше во Собранието.
На прашањето дали кризата во Македонија е вештачка, со намера да се прелее во други земји, како што тврдеш Вучиќ, Заев одговори:
„Србија немала влијание или лоши намери. Се разбира, имаше коментари во претседателската кампања за македонско сценарио, но јас не навлегувам во тоа. Според сите извештаи, Македонија беше заробена држава, институциите не функционираа.
„Ние сите имавме работна вечера, лидерите на земјите од Западен Балкан. Исто така, беше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и тука си подадовме рака и продолживме напред. Исто така, беше премиерката Ана Брнабиќ, која отвори убава перспектива, што јас ја потврдив.
„Презедовме обврска која ја сакаат и нашите граѓани, а тоа е соработка и отворање на нови перспективи за граѓаните на Македонија и Србија“.
„Сите ние извлековме позитивна лекција од оваа политичка криза. Малку сме уплашени и тоа е добро за да се осигураме тоа да не се случи повторно, ниту на Македонија, ниту било каде во светот.
„Ние успеавме да тргнеме напред за да го подобриме животот на сите граѓани. Овие лузни на моето лице се затоа што сум Македонец кој се борел за подобрување на правата на другите, помалку бројните народи и за мултиетничко општество“, рече Заев за Н1.
СТАНДАРД.







