Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Македонија дава голем придонес во добрососедските односи и евро-атлантските интеграции
Македонија

Заев: Македонија дава голем придонес во добрососедските односи и евро-атлантските интеграции

август 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на паузата на Самитот во Драч на премиерите на земјите од Западен Балкан, даде изјава за медиумите во којашто оцени дека овој неформален Самит е продолжување на Самитот во Трст и води кон економски и евро-атлантски перспективи за граѓаните на сите држави од регионот.
„ Имаме можност да развиеме идеи, разговараме за прекрасни мерки како проширување на роамингот во ЕУ или барем во делот на Западен Балкан, на предлог на Светската банка, за заеднички дистрибутивни центри што ќе ја зголемат заедничката понуда пред западните земји, во медицината, во дигиталната технологија… Сето тоа треба да го направи посилен економски регионот, а со тоа и поблиску до ЕУ, рече премиерот Заев.
По изјавата, за којашто имаше интерес од медиумите од целиот регион, претседателот на Владата, Заев, одговори на повеќе новинарски прашања.
Во врска со средбата со српската премиерка Ана Брнабиќ, што се случи на маргините на Самитот, премиерот Заев објасни:
„Имавме пријатна билатерална средба, добив покана од премиерката Брнабиќ за државна посета на Република Србија, што веројатно ќе се случи во ноември, после завршувањето на локалните избори во Република Македонија. На самата средба ќе можеме да ги унапредиме сите видови на соработка, со посебен фокус на економската соработка, имаме голем потенцијал за ова.

„Договоривме втората средба да биде заеднички влади, нешто што се договара и со Република Албанија и со другите земји од регионот. Сето ова се поклопува со обврската и потребата на сите земји од Западен Балкан за регионална соработка. Македонија и Србија имаат извонредни пријателски односи, тие односи можеме да ги унапредиме на сите полиња, а ваквите средби верувам дека ќе бидат охрабрување за нашите граѓани да соработуваат уште повеќе, рече премиерот Заев.


На прашањето дали дипломатската криза меѓу Македонија и Србија е завршена, премиерот Заев одговори:

„ Завршена е, тоа го знам уште во моменот кога се слушнав со претседателот Александар Вучиќ. Имавме долг разговор. Ги разгледавме сите прашања. Драго ми е што поголем од времето посветивме на перспективите. Со неколку реченици ги затворивме овие дебати што постоеа и се насочивме кон перспективите, унапредување на соработката на сите можни полиња.

Во врска со ставот на премиерот Заев и Република Македонија за Косово во Унеско премиерот Заев рече дека: „Нема апликација за Косово и оваа година ова прашање нема да се дискутира“.

„ Јас се надевам дека во моментот кога ќе се дискутира ќе имаме можеби посоодветни, подобри околности на ова прашање. Регионот мора да гледа позитивно, само со перспективи напред, а никако да дава причини, која било од земјите, за нарушување на добрососедските и на регионалните односи. Навистина сме единствени во она што значи интерес на граѓаните на целиот регион на Западен Балкан, полноправно члество во ЕУ, како и да го унапредиме економскиот квалитет на живот на граѓаните, рече премиерот Заев.

 


На прашањето околу Законот за употреба на јазиците, претседателот на Владата, Заев објасни дека тој ќе се разгледува во Парламентот, деловите што беа спорни дали се уставни или не, се надвор од законот и по гласањето се очекува став од Венецијанската комисија. Тој додаде дека законот е дел од концептот на Владата за едно општетство за сите.
Меѓу новинарските прашања имаше интерес и дали Република Македонија има поддршка од земјите од регионот за прашањето околу спорот со Република Грција.

„ Сите земји од Западен Балкан што сме присутни овде, заедно со еврокомесарот Хан, гости се и од Светската банка, верувам дека сите земји се пријателски настроени кон Македонија и сите се желни да ѝ помогнат на Македонија по секое прашање, како што и ние сакаме да им помогнеме. Ова прашање е билатерално прашање и верувам дека само позитивните пораки, охрабрувањето од земјите од Западен Балкан, може да бидат сериозен придонес кон решавање на ова чувствително прашање.

„Јас останувам на очекувањето на решавање на проблемот низ дијалог, воден секако од ОН, преку Метју Нимиц, очекувам дури до крајот на годината, почетокот на идната година да има нови идеи од Нимиц за решавање на ова прашање, но сум убеден дека позитивниот амбиент којшто постои во целиот регион, позитивниот однос на Македонија со сите земји во регионот, така и со Република Грција, можат да бидат само од полза, дури и за решавање на вака чувствително прашање., одговори премиерот Заев.

 

актуелно Ана Брнабиќ драч ЕУ македонија србија Трст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.