Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Надминавме голем дел од разликите, блиску сме до договор
Македонија

Заев: Надминавме голем дел од разликите, блиску сме до договор

февруари 22, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети во Мала Речица имаа средба во рамки на преговорите за обезбедување потписи за добивање мандат и формирање влада.

„Надминавме одредени разлики на лидерско ниво. Желбата и на ДУИ и на СДСМ е да добиеме уставни решенија во законот за употреба на јазиците. Тоа значи дека не треба да си дозволиме ништо надвор од Уставот за сето друго што уставно да падне во вода. На крајот дури ако останат одредени отворени прашања не завршува денот на преговорите сега. Можеме за шест месеци да оставиме тие да се истолкуваат, да отвориме јавна дебата која ќе дефинира дека нештото е уставно и може да се прифати“, рече по средбата Заев.

Лидерот на социјалдемократите потенцираше дека двете страни во преговорите се држат до Уставот.

„Апсолутно исправен пред потребата да ги добијам потписите, јас сум тој што ги чека потписите, со целиот ризик и да не ги добијам, Уставот на Република Македонија нема да се менува“, рече Заев.

Тој додаде дека уште вечерва ќе ја свика работната група и ќе и ги пренесе сите детали од разговорот за да може, како што рече, да седнат и да изнаоѓаат решенија.

„Македонија имаше многу трпение сите овие денови. Се работи за денови во прашање. На крајот одлуката ќе биде или ќе има потписи или ќе нема. Но, поприлично сме со доближени ставови да се изнајде конечно решение за тоа што се отворени прашања за кои се преговара“, истакна Заев.

Во врска со другите прашања за кои се разговара, Заев посочи дека се што е поврзоно со нивната платформа, која, рече произлегува од „Планот за живот во Македонија“ и платформата на албанските партии се апсолвирани прашања и затворени на уставен начин и дилемите треба да бидат отстранети.

„Се за што треба двотретинско уставно мнозинство нема причина ниту некој бара да се реализира. Но, дебатите треба да ги отвориме. Не треба да бегаме од прашања кои некому му претставуваат одредена грижа тежина или слично. Дебати ќе отвориме, ќе го слушнеме одговорот на граѓаните на Македонија и согласно тоа ќе ги градиме политиките во периодот кој претстои пред нас, истакна Заев.

Во врска со прашањето на економската еднаквост, тој истакна дека тоа е потреба на регионите во цела Македонија, не е само етничко прашање и оти на тоа така треба и да се гледа.

„Го најдовме начинот во рамномерната регионална распределба на капиталните инвестиции, на буџетските средства за да може секој граѓанин да ја чувствува Македонија за своја мајка. Затоа ќе има контролно тело кое пред носење на буџетот ќе ги земе предвид сите аспекти за негова рамномерна распредрелба, не само помеѓу Скопје и Струга, Скопје и Кичево, туку и на Скопје и Струмица или Кавадарци, рече Заев.

Претходно претставници на раководството на СДСМ имаа средба и со претставници на Алијансата на Албанците.

актуелно Алијанса на Албанците дуи Мала Речица сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.