Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев на средба со Пападимулис, Ферxофштад и Шулц: Заедничка поддршка за позитивна одлука во октомври
Политика

Заев на средба со Пападимулис, Ферxофштад и Шулц: Заедничка поддршка за позитивна одлука во октомври

октомври 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Јасни пораки на поддршка дека Република Северна Македонија заслужува и треба да добие позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври, кога нашата држава очекува датум за почеток на преговорите со Европската унија се изнесени на денешните
средби на премиерот Зоран Заев со Димитрос Пападимулис, заменик претседател на Европскиот парламент, Ги Ферхофштад, пратеник во Европскиот парламент и поранешен премиер на Белгија и Мартин Шулц, поранешен претседател на Европскиот парламент и поранешен лидер на Социјалдемократската партија на Германија.

На средбата на премиерот Заев со заменик претседателот на Европскиот парламент, Пападимулис, констатирано е дека нашата држава направи големи чекори во решенијата на билатералните прашања со соседите и во домашните реформи и дека никој не би можел да оди против тие резултати.

Оценето е дека нашата држава секоја година е се подобра во реализацијата на реформите и дека тој напредок е видлив и во следниот период треба да биде уште повидлив за Европа, соопшти владината пресслужба.

Ферхофштад, пак, пренел силна поддршка од новоформираната група на либерали во Европскиот парламент којашто јасно ги изразува очекувањата да бидат вреднувани постигнувањата на Република Северна Македонија и препорачува отворање преговори со нашата држава.

Оценката е дека ваквиот исход од октомврискиот Совет на ЕУ ќе биде добра мотивација и за напредок на регионот.

Како што е наведено во соопштението, на состанокот на Заев со Шулц е посебно нагласена потребата од позитивна одлука во октомври од страна на Советот на ЕУ за европските перспективи на нашата држава, бидејќи тоа е добро и за Европа, којашто има потреба од стабилност и реафирмирање на европските вредности.

Констатирано е дека Европа мора да возврати на искрените политики на дијалог што донесоа решенија на големи прашања, како што беше билатералното прашање со Република Грција бидејќи тоа е позитивна порака и за целиот регион.

Премиерот се заблагодарил на европски претставници за изразените заложби за европскиот напредок на Република Северна Македонија, посебно за континуираната недвосмислена поддршка што доаѓа од Европскиот парламент.

„Ние сме добар пример на држава којашто носи храбри одлуки на решенија, којашто покажува на дело почитување на европските вредности како што се дијалогот, транспарентноста, слободата, демократијата и ќе бидеме само од помош на регионот и на Европа. Посветени сме на политики за нови инвеститори, раст на платите, социјални бенефити, враќање на парите кон граѓаните, а економските можности во голем дел се резултат на отворените перспективи за полноправно членство во НАТО, што го очекуваме на крајот на оваа или почетокот на следната година, како и најавениот датум за почеток на преговорите со ЕУ. Потребна ни е чиста, позитивна одлука од Советот на ЕУ во октомври, за да продолжиме да ја развиваме државата и да придонесуваме во развојот на регионот и на Европа“, рекол Заев во разговорите на билатералните средби.

актуелно Заев одлука поддршка средба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.