Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев на фестивалот „Игри без маски“: Празнување на еднаквоста со театарска уметност да живее уште долго
Култура

Заев на фестивалот „Игри без маски“: Празнување на еднаквоста со театарска уметност да живее уште долго

ноември 29, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев имаше свое обраќање на петтиот меѓународен драмски фестивал за лица со и без попреченост „Игри без маска“ – театар без дискриминација кој е единствен фестивал од овој вид во земјите од Западен Балкан.

На овој настан, премиерот Заев го придружуваше неговата сопруга Зорица, која во името на семејството Заеви, на претставниците на организацијата „Тризомија 21“, која го организира фестивалот, им предаде донација во финансиски средства за поддршка на оваа манифестација.

Во своето обраќање претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев истакна:

„Денеска гледајќи ги насмеаните лица, знам дека во изминативе три дена се исполнети душите со позитивна енергија и дека сите уживаат во уметноста којашто ја споделија овие деца, сами меѓу себе и со сите нас и би рекол, вистински актеришта.

Пет – годишната традиција на „Игри без маска, театар без дискриминација“ воопшто не е мал јубилеј и секако е повод истиот да се слави, особено имајќи го предвид фактот дека овој меѓународен фестивал е единствен на Балканот од ваков вид.

По примерот на ваквите фестивали, чија крајна цел е вклучување на лицата со попреченост во сите културни настани, политиката на Владата е пред се, создавање на општество кое повеќе нема да ги стигматизира лицата со каква било попреченост.

Да создадеме општество коешто во себе ќе ги вклучи сите без разлика на нивниот физички изглед или ниво на ментален развој.

Она што започнавме да го правиме за лицата со каква било попреченост уште минатата година, секако не запре годинава. И ве уверувам дека со засилен интензитет ќе продолжиме да го правиме и понатаму.

Лани започнавме со многу законски решенија во делот на законот за социјална заштита, односно овозможивме низа олеснувања за исполнување на правата на лицата со попреченост. На пример родителите можат да работат со скратено работно време и по 26-тата година на своето дете со попреченост, а правото на посебен додаток по навршување на 26-тата година, по автоматизам преминува во право на помош и нега од друго лице.

Секако Националната стратегија 2018-2027 наречена „Тимјаник“ е одлична можност да ги адресираме правците на вистинска грижа и социјализација на нашите сограѓани.

Во насока на проширување на мрежата на постоечки услуги и алтернативни форми на грижа и заштита на овие ранливи категории на граѓани се отворени неколку нови дневни центри и тоа: за деца со церебрална парализа во Прилеп и Скопје, за деца со попреченост во Велес, Кочани и во Македонска Каменица. Отворен е и центар за продолжен престој на деца со попреченост во Куманово, а во завршна фаза е отворањето на центар за престој и рехабилитација на деца со даунов синдром во Скопје.

Како поддршка на биолошките семејства кои имаат деца со попреченост, ги зголемивме вкупните износи за поддршка и посебен додаток и уште многу други привилегии, но не би сакал денеска навистина на овој прекрасен настан да ги кажувам сите овие новини кои се случуваат во поддршка на лицата со посебни потреби. Денеска сме овде да дадеме поддршка токму на нашите сограѓани, лицата со посебни потреби за да можат да се чувствуваат еднакви да може да се чувствуваат рамноправни и да можат сите заедно еднакво да му се радуваат на животот.

Сметајте на поддршката и понатаму од Владата на Република Македонија за сите овие инклузивни активности коишто ги организирате. И во името на Владата, Ви благодарам на сите и на организаторите и на училиштата коишто заедно создавате нешто коешто ја прави Македонија, поубаво место за живеење за сите“.

На крајот на обраќањето на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претставник на здружението „Тризомија 21“, на премиерот Зоран Заев, му подари маска во рамка, во знак на благодарност за поддршката.

балкан игри маси
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026

Калас: Шефовите на дипломатиите на ЕУ дадоа поддршка за Западен Балкан, за возврат очекуваат реформи

мај 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.