Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев на Startup Europe Summit 2018: Младите од Западен Балкан имаат потенцијал да имплементираат позитивни примери на стартап идеи
Македонија

Заев на Startup Europe Summit 2018: Младите од Западен Балкан имаат потенцијал да имплементираат позитивни примери на стартап идеи

ноември 15, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски присуствуваше на Стартап Самитот којшто се одржува во Софија, Република Бугарија, во организација на Европската Унија под покровителство на комесарката за дигитална економија и општество, Марија Габриел.

Премиерот Заев се обрати на првата панел дискусија на Самитот за важноста од поттикнување на дигитализација и создавање на услови за развој на иновативноста и стартап бизниси како важен сегмент за дигитална трансформација на Западен Балкан. На овој панел со премиерот Заев дебатираа и претседателите на владите на Црна Гора и Република Србија, Душко Марковиќ и Ана Брнабиќ, а свои воведни обраќања имаа и Претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов и комесарката за дигитална економија и општество во Европската Комисија, Марија Габриел како домаќини на самитот.

„Земјите од Западен Балкан имаат потенцијал да го фатат моментот за прогрес, посебно младите генерации преку можностите што ги нудат нашите отворени општества преку дигиталното интернет поврзување да ги пренесат модерните напредни искуства од светот во нашиот регион. Сите овие аспекти на технолошки развој и иновации се опфатени и во образовниот процес бидејќи е важно младите генерации да го добијат потребното знаење и да бидат мотивирани. Нашите влади изнаоѓаат можности како уште поинтензивно да ги поддржат иновациите, технолошкиот развој, стартап бизнисите за да се поттикне и забрза иновативниот процес на размислување“, потенцираше премиерот Заев и рече дека Владата на Република Македонија интензивно работи на тој процес преку донесување на нови законски решенија.

Зборувајќи за развој на иновативниот процес и негова практична имплементација премиерот Заев нагласи дека иновацијата претставува храброст да се изнајдат нови идеи и решенија и во тој правец рече дека Владата на Република Македонија целосно ја поддржува и поттикнува иновативноста како основа во процесот на развој на еден одржлив систем на стартапи.

„Во 2018 година Владата на Република Македонија со над 13 милиони евра поддржа иновативни проекти на компании. Фондот за иновации и технолошки развој поддржа 100 иновативни компании да ги развијат своите креативни идеи и што е најважно да ги претстават на пазарот“, додаде премиерот Заев.

Премиерот Заев истакна дека Владата на Република Македонија поддржа отворање на три бизнис акцелератори за отворање нови стартап бизниси и посочи дека практичното искуство и позитивните примери на успешни старт ап компании се мотив за сите млади луѓе да размислуваат креативно, да подготвуваат проекти и да преземат иницијативи за сопствен бизнис со искрена желба да придонесуваат и да работат во приватниот сектор.

„Земјите од Западен Балкан имаат за задача да ги препознаат и имплементираат успешните позитивни искуства и идеи во светот. Поврзувањето и споделените искуства се голема мотивација и инспирација за луѓето од Западен Балкан. Во таа смисла се движиме во добра насока и одржувањето на овој Самит го потврдува тоа“, истакна премиерот Заев на крајот од своето обраќање и повика на креативна дискусија на StartUp Europe Summit за која оцени дека позитивно ќе ги изненади светот и Европа за тоа колку иновативни и креативни можат да бидат луѓето и младите од овој дел на Европа.

Во рамки на одржувањето на Startup Europe Summit 2018 министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, оствари средба со комесарката за дигитална економија и општество во Европската Комисија, Марија Габриел на којашто разговараа за Научно технолошкиот парк којшто до крајот на годината треба да се отвори во Скопје, како и за можноста Република Македонија да биде домаќин на првата регионална академија за сајбер безбедност за земјите од Западен Балкан.

актуелно балкан Заев македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.