Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Неопходен е нов импетус на процесот на проширување
Македонија

Заев: Неопходен е нов импетус на процесот на проширување

септември 30, 2021Updated:октомври 1, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Сите земји членки на Европската унија ја прифатија одлуката на Европската комисија од март 2020 година и се согласија дека интегрирањето на партнерите од Западен Балкан во ЕУ претставува геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста, безбедноста и економскиот раст на целиот континент и дека Западен Балкан е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за ЕУ. За жал, Бугарија ја блокираше оваа одлука и таа блокада е сѐ уште активна. Искрено се надевам дека вашите пораки од овој форум ќе бидат дел од новиот импетус кој е толку неопходен во овој момент и дека на 6 октомври во Словенија ќе бидат направени потребните чекори за деблокирање на проширувањето на ЕУ“, истакна премиерот Зоран Заев во воведното обраќање на Осмиот Форум на граѓанско општество на Западен Балкан, кој денеска и утре се одржува во Скопје, во организација на Европскиот економски и социјален комитет.

Заев посочи дека првата тема за дебата на форумот – Зајакнување на пристапниот процес – Кредибилна перспектива на ЕУ за Западен Балкан – е вистинска тема во вистинско време од исклучителна важност и за Западен Балкан и за Европската Унија, заради наметнатата блокада за проширување која го доведува во прашање стратешкиот интерес на Брисел за проширување на Унијата со земји од регион со круцијална стратегиска важност за Европа.

„Нашиот напредок во евро-интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на Европската унија и постигнување на европските стандарди, а ние, во духот европските добрососедски односи, ќе ги интензивираме разговорите со Бугарија со искрена волја да правиме чекори поблиску до решение за нашите билатерални прашања. За да се обнови довербата во проширувањето и за да се зајакнат механизмите на Унијата за ефикасно спроведување на процесот за интеграција и за членство на своите природни сојузници од Западен Балкан, Брисел треба, без резерви, да го обезбеди пристапот на политичките лидери и на претставниците на граѓанските организации од овој регион да учествуваат во активностите во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската Унија“, порача Заев.

Ова, нагласи тој, е особено и суштински важно бидејќи ако остане овој статус кво, без изгледни шанси за напредок, разочарувањето од блокадата на проширувањето ќе се прошири како канцер и врз другите процеси за европеизација на земјите од Западен Балкан. Во таа насока, многу е важно, вели, да продолжат сите предвидени национални политики за Зелената агенда за Западен Балкан, како дел од Европскиот зелен договор, со поддршката од Економскиот и инвестициониот план за Западен Балкан на Европската Унија.

„Нема никакво сомневање, и во нашите политики е апсолутно прифатено дека во справувањето со заедничките предизвици и проблеми кои не се само политички, туку и економски и социјални, социјалните партнери и граѓанските организации имаат клучна и суштинска улога со нивното активно вклучување во Зелената агенда за Западен Балкан. Овој форум и натамошното вмрежување на граѓанските организации може да го даде дополнителниот придонес во градењето на капацитетите на граѓанските организации, а регионалната соработка, како и размената на експертиза, се во врвот на нашите владини политики за поддршка“, рече Заев.

Владата успеа преку концептот на транспарентност, отвореност и отчетност да ги доближи институциите до граѓаните. Преку граѓанските организации, преку синдикатите и другите граѓански здруженија, тие се вклучени во процесите за креирање на сите владини политики.

„Тоа е нашиот начин на креирање политики, закони, стратегии кои одговараат на интересите и потребите на сите граѓани и да бидат соодветен одговор на предизвиците кои доаѓаат пред сѐ од последиците од климатските промени. Со граѓанското општество и бизнис секторот сме рамноправни партнери во овој процес. Покажавме посветеност за унапредување на сите столбови и процеси кои се дел од овие наши заложбите“, рече Заев.

Како пример ги посочи активирањето на социјалниот дијалог уште во раните фази од ковид пандемијата за ублажување на последиците по здравјето на граѓаните и за зачувување на работните места, за праведната транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија каде земјата е лидер во регионот, за социјалната правда како постојана борба за унапредувањето на нашето еднакво општество за сите,а посочи и на нашата зелена агенда и грижата за природните богатства.

„Набројав неколку, од многуте проекти, програми и политики кои кај нас ги врградивме во агендите наречени Акција 21 и Европа дома, кои се практично нашето европизирање на нашата земја“, истакна Заев.

На форумот, организиран од ЕЕСК во соработка со Европската комисија, ќе учествуваат, меѓу другите говорници, и Криста Швенг, претседател на Европскиот економски и социјален комитет, Оливер Вархеји, еврокомесар за соседство и проширување, кој ќе се обрати виртуелно, како и Гаспер Довжан, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Словенија.

На форумот ќе се дискутира за тоа како да се подобри процесот на пристапување – веродостојна ЕУ перспектива за Западен Балкан, пост-ковид закрепнување – предизвици и можности на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан и Заедничкиот регионален пазар

Меѓу темите за коишто ќе се разговара ќе бидат и придонесот на организициите од граѓанското општество за Зелената агенда и одржливиот развој на Западен Балкан како дел од пристапниот процес во ЕУ, како и состојбата на социјалниот дијалог и граѓанскиот простор на Западен Балкан.

актуелно Заев процес проширување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.