Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Очекуваме датум за преговори летово, земјата тоа го заслужи
Македонија

Заев: Очекуваме датум за преговори летово, земјата тоа го заслужи

мај 30, 2019Updated:мај 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев очекува датумот за почеток на преговорите со Европската унија земјава да го добие летово. Смета дека тоа е реална опција ако извештајот на ЕК за напредокот помине во националните парламенти на државите членки. Вели дека само доколку националните парламенти на земјите членки не успеат во тоа, одлуката за добивање датум за преговори би се одложила за есен.

-Очекуваме датумот за почеток на преговори да биде даден ова лето. Јасно е дека јуни е тешко достижен, заради тоа што Бундестагот има седница меѓу 3 и 6 јуни и не верувам дека извештај што се објавува на 29 мај и треба формално-правно да се процесуира и да стигне до националните парламенти на земјите членки на ЕУ, ќе може меѓу 3 и 6 јуни да биде на седница, иако ако се направат малку поголеми напори од Германија како голем пријател тоа би било можно, изјави денеска заев одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на нов објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром.

Ако во јуни тоа го направат, вели премиерот Заев, ние во јули би имале одлука на ГАК или на министерскиот совет, а тоа е возможно.

„Само ако не успеат националните парламенти тоа да го направат тогаш тоа би можело да се одложи за есен. Но, едно е јасно и ЕК тоа го потврди, драго ми е што тоа го направија и земјите членки, дека Преспанскиот договор плус сто отсто реформи, плус придонесот за севкупниот регион, како и чекањето  14 години во клупа како земја кандидат се наши аргументи за конечно да добиеме одлука за датум на преговори, рече Заев.

Запрашан за преговорите во врска со законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и судбината на СЈО, тој рече дека не одат во добар правец и со посакувано темпо и динамика. Вели дека нерешавањето на ова прашање, може да биде изговор некои земји членки на ЕУ да спротивстават на одлуката за доделување датум за преговори и затоа апелира што побрзо да се постигне договор.

„Не би сакал јас како премиер и ние како држава воопшто да оставиме каков било аргумент на земјите членки кои се застапени преку премиерите на Европскиот совет или преку министрите за надворешни работи на ГАК  кои одлучуваат за прифаќање на препораката за почеток и добивање датум за преговори заради нерешавање на ова прашање, истакна премиерот.

Последните чекори, според Заев, биле успешни за на крајот власта да добие сосема нови предлози кои, како што рече, ги враќаат буквално да седнат и да пишуваат нов закон.

„Ова не е решение и затоа апелирам на одговорност заради тоа што дефинитивно големите суштински работи се решени. Верувам дека останаа само политичките. Подготвен сум ако се решат до крај суштинските прашања да седнам на лидерска средба и да ги дефинираме политичките работи. Убаво би било пред да се одржи тој министерски совет и ова прашање да биде решено или барем да испратиме изјава дека сме се договориле. Ако не друго за да не им даваме аргумент да не го одредат датумот за почеток на преговори, рече Заев во одговор на новинарски прашања.

актуелно датум Заев лето преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.