Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев очекува соработка со Алијансата за Албанците за реформите
Македонија

Заев очекува соработка со Алијансата за Албанците за реформите

декември 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев, по најавата од лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, дека по донесување на законот за употреба на јазиците оваа партија ќе ја напушти владината коалиција, вели дека очекува продолжување на соработката за рефорите во државата.

Како што потенцира, не се оптоварува со тенкото мнозинство во Собранието, кое, според него, било здраво за Македонија, и не планира избори  следната година, туку посветеност на ветувањата кон граѓаните.

„По најавата дека излегуваат од Владата останувам само со намерата дека ќе можеме да продолжиме да соработуваме за она што значи реформи, законот за јазиците, ратификацијата на Договорот со Бугарија, „двотретинските“ закони , за одговорноста за унапредување на севкупниот квалитет на животот во Македонија, рече премиерот  Заев при денешниот престој во Прилеп, коментирајќи ја изјавата на Села.

Колку ќе се однесуваме одговорно, додаде Заев, така ќе не ценат граѓаните на следните избори, оквалификувајќи ја како „инсинуација и глупост“ изјавата на Села за економски договор меѓу СДСМ и ДУИ за Министерството за здравство.

Во Владата, посочи Заев, се пополнија испразнетите места, меѓу кои и изборот на министер за здравство, а со политичките партии ќе продолжиме да разговараме за суштинските прашања.

„Министерството за здравство не припаѓа на ниту една партија, па ниту на СДСМ, уште помалку на помалите партии. Тоа е суштинско и ги опфаќа интересите на сите граѓани. Најбитно е да се доведе квалитетен кадар, а тоа е новоизбраниот министер Венко Филипче и убеден сум дека ќе има позитивни резултати. До ваква ситуација дојдовме кога Таравари, без да разговара со никого, објави дека се кандидира за градоначалник на Гостивар, укажа Заев.

Прашан како ќе се справи со проблемот со „тенкото“ мнозинство во Собранието кое се покажа и при изборот на државниот јавен обвинител Заев рече дека е тоа здраво за Македонија и оти не се потребни нови диктатори кои апсолутно владеат во државата.

„Тенкото мнозинство беше и при формирањето на Владата, но тоа е демократија. Јас сум растоварен од тоа. Она што е важно дека јас како премиер не планирам 2018 година да има избори, туку да го оствариме тоа што им го ветивме на граѓаните за подобар живот. Треба да ги покренеме економските параметри на повисоко ниво и да им го подобриме животот на граѓаните кои и го очекуваат. До претседателските избори во 2019 година треба сите да се посветиме, власта и опозицијата,  да одработиме за граѓаните, изјави Заев кој  со министерот за земјоделство Љупчо Николоски ги посетија откупните пунктови за тутун во Криовгаштани и Тутунскиот комбинат во Прилеп.

актуелно Алијанса бугарија влада Гостивар Заев СДСМ. ДУИ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.