Опозицијата преку пратеничко прашање побара премиерот да каже какви можни предлози за имиња на Македонија прифатил да бидат по принципот „ерга омнес“, односно за употреба и внатре и надвор од земјава? Според нив, владата треба да престане со, како што рекоа, тестирање на јавното мислење.
Премиерот Зоран Заев во својот одговор истакна дека за предлогот Република Илинденска Македонија отсега натаму повеќе нема да се дебатира.
Запрашан дали му е загарантирано дека со промена на името ќе се добие датум за преговори со ЕУ, Заев повикувајќи се на дипломатски комплименти, нагласи дека тоа е можно, додека членството во НАТО не можело да се негира.
Заев не заборави да ја нагласи и потребата за референдум.







