Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев по повод 1 Мај: Зачувавме илјадници работни места, обезбедивме поголеми плати
Македонија

Заев по повод 1 Мај: Зачувавме илјадници работни места, обезбедивме поголеми плати

мај 1, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„1 Мај – празникот на работничките и работниците и оваа година го одбележуваме во посебна состојба заради условите што ги наметна пандемијата. Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места. Токму затоа, на прво место на економските приоритети на Владата, уште од почетокот на пандемијата беше македонскиот работник. Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места, за илјадници вредни работници редовно да земаат плати и да однесат приход во своето семејство“, наведува премиерот Зоран Заев во неговото видео обраќање со кое го честита Меѓународниот ден на трудот.

Тој во честитката потенцира дека со тоа уште еднаш се докажа дека работниците се движечката сила на економијата и на развојот на нашето општество.

„И покрај ударот од глобалната Ковид криза, платите продолжија да растат – и ќе растат понатаму. За неполни четири години минималната плата ја донесовме од 9.000 до над 15.000 денари. Тоа е повеќе од 6.000 денари месечно по лице, или 72.000 денари повеќе за секој работник  годишно. И ќе расте. Платите пораснаа во здравството, образованието, но и во армијата, во полицијата и во социјалниот сектор. А со субвенциите за придонеси на фирмите, околу 200.000 вработени во реалниот сектор добија поголеми плати“, вели премиерот.

Тој потестува дека историската неправда кон стечајните работници се реши за околу 12.000 лица кои добиваат месечен надоместок од 8.000 денари до нивното пензионирање.

„Економско-социјалниот совет е отворен дури и за оние синдикати кои не се репрезентативни. И со сите нив, во името на правата и грижата за работниците, го креираме новиот текст на Предлог-законот за работните односи. И конечно – недела ќе биде неработен ден“, потенцира Заев.

Премиерот нагласува дела економијата е стабилна, кризата ја поминавме без поголеми потреси и конечно излегуваме од неа.

„За тоа сте најзаслужни токму вие и вашиот труд! Бидете горди поради тоа и знајте дека државата е тука секогаш за вас, затоа што оваа држава ја разбира и цени работничката мака. Нека е честит 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Нека е за многу години!“, истакнува премиерот Заев во видео честитката за празникот на трудот.

 

 

(Фото/Видео: МИА)

актуелно Зоран Заев ковид мај празник работници труд
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.