„Дебатата за предизборно коалицирање на предвремените парламентарни избори најавени за 12 април следната година ќе почнат пред крајот на ноември“, рече денеска премиерот и претседател ма СДСМ, Зоран Заев.
Заев смета дека сеуште е рано да се разговара на оваа тема со оглед дека до кампањата и изборите има пет односно шест месеци. Ставот за тоа би се знаел веројатно на крајот на февруари или почетокот на март.
„Не сме зборувале. За претседателските избори е едно стојалиште и нормално е кога само еден кандидат или повеќе канидати да се групираат политичките партии. Ние не сме ја ни отвориле таа дебата и немаме намера сигурно да ја отвориме до крајот на ноември. Далеку се изборите, без малку за шест месеци. До кампањата има уште пет месеци. Веројатно тоа ќе се случува крајот на февруари и почетокот на март кога ќе ги замеме нашите стојалишта, така што многу е рано да зборуваме за тоа, изјави Заев.







