Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Растот на БДП под очекувањата, но може да се оствари планираната годишна стапка од 3,8 отсто
Економија

Заев: Растот на БДП под очекувањата, но може да се оствари планираната годишна стапка од 3,8 отсто

декември 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Растот на БДП во третиот квартал од 3,6 отсто, што го објави Државниот завод за статистика, за премиерот Зоран Заев е под неговите очекувања за раст од четири отсто, но смета дека до крајот на годината доколку во четвриот квартал има раст над четири отсто, може да се оствари планираниот раст од 3,8 отсто за годинава.

„Според мене, 3,6 отсто раст на БДП е малку под моите очекувања. Јас очекував дека ќе биде четири проценти во третиот квартал, но веројатно одредени перформанси не ги дале очекувањата. Се водев од растот на индустриското производство кое беше 9,8 отсто, па 5,6 отсто, па последниот 4,4 отсто, но секако и другите дејности не ги дале очекуваните резултати. Но 3,6 отсто во третиот квартал, на завршено прво полугодие со 3,6 отсто, значи имаме просек од 3,6 отсто раст во три квартали. Проектирано е 3,8 отсто и ако постигнеме последниот, четвртиот квартал нешто над четири ќе го исполниме очекувањето од 3,8 отсто раст“, изјави премиерот во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата за проектот за поставување фотоволтаици на јавни објекти.

Потенцира дека, сепак, може да бидеме задоволни имајќи предвид дека европските земји имаат раст од 0,5 отсто, 0,7 отсто, еден…

„Верувам дека нашиот низок економски стандард, компатабилноста на ресурсите што ги имаме овде, природните ресурси, географската локација, инженерските капацитети, кои стојат на располагање треба да ги доискористиме до максимум за да имаме и уште повеќе инвестиции во државата, но секако и се поголем капитален развој во државата заради тоа што БДП на крајот има своја рефлексија во буџетот за да може државата да инвестира и во човечкиот фактор, да го помагаме и стопанството, да инвестираме во еколошки проекти“, рече премиерот.

Тој додаде дека севкупните инвестиции во државата се реализираат на планираното ниво и дека е важен придонесот на државата и во делот на капиталните инвестиции оти сето тоа е помош и поддршка, додавајќи ги и корегираните конечни проекти какоавтопатот Кичево-Охрид кои даваат придонес во градежништвото, во нискоградбата.

актуелно БДП Заев раст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.