Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Со целосно помирување до подобра Македонија
Македонија

Заев: Со целосно помирување до подобра Македонија

ноември 2, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев денеска повика постапката за помирување да се води низ транспарентен процес под будното око на јавноста за на крајот, како што рече, да успееме да направиме целосно помирување во општеството за да имаме подобра Македонија вредна за достоинствен живот.

Очекува дека во текот на следната недела ќе биде утврден составот на Комисијата за помирување во Собранието на Република Македонија. Според него, настаните во Собранието од 27 април минатата година биле кулминација на севкупната поделеност во државата и оти тоа е причината за отворање на процесот на помирување.

„Се усогласивме да формираме координативно тело во рамки на Парламентот. Веројатно во понеделник или на почетокот на идната седница на координациите ќе биде утврден неговиот состав, неговиот претседател, а пополека ќе се работи на деловникот и на сите детали, појасни премиерот.

Сите сме согласни, додаде тој,  дека мора да се внимава на владеењето на правото, на судските реформи во државата и слично. Но, како што посочи постојат начини како да се изнајдат алатки за помирувањето во државата да биде испратено пред се во највисоката инстанца, а тоа е Парламентот.

„Очекуваме по вертикала да се случи севкупно помирување во ова наше поделено општество, додаде Заев.

Се надева дека преку транспарентен процес ќе успеат да ги уверат пратениците, како Панчо Минов, дека нацрт-амандманите што треба да бидат поддржани се едноставни и јасни.

„Со пратеникот Панчо Минов отворено разговараме и тој ги даде своите сугестии, а генерално еден дел од нив се вградени. Очекував дека и тој ќе биде еден од пратениците што ќе гласа  за потребата од промена на Уставот. Тој ја донесе одлуката и јас ја почитувам одлуката на секој пратеник, рече премиерот.

Во однос на барањата од БЕСА и Алијанса на Албанците за уставните измени, Заев рече овие барања предизвикуваат измени што не се од карактерот на идентитетот и Охридскиот рамковен договор, но оти пратениците имаат легитимно право да го побараат тоа.

„Ова апсолутно предизвикува суштински измени што не се од карактерот на јакнење на идентитетот или од карактерот на Охридскиот договор или слично. Сфативме и заклучивме дека тоа е нивно легитимно право. Тие, сепак, се опозиција и можат да го отворат ова прашање. Не мора да значи дека треба веднаш да биде затворено прашањето. Остануваме на располагање за отвореноста на ваквите прашања со конечна цел во градењето на едно општество за сите, нагласи Заев.

Апелираше да се продолжи со инклузивниот процес изразувајќи надеж дека напролет следната година ќе заврши протоколот со НАТО, а кон крајот на 2019 или почетокот  на 2020, Македонија ќе стане полноправна членка на Алијансата.
актуелно албанци Алијанса Заев македонци помирување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.