Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Стабилни јавни претпријатија се приоритет на Владата
Македонија

Заев: Стабилни јавни претпријатија се приоритет на Владата

октомври 28, 2019Updated:октомври 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Јавните комунални претпријатија се од исклучителна важност за секојдневието на секој граѓанин. Животот и секојдневието на граѓаните да функционираат во чиста, здрава и достоинствена животна средина. Обединети во оваа своја асоцијација, како место за заедничка размена на искуства и утврдување на приоритетите, членките на АДКОМ го даваат својот придонес како одговорни компании, истакна премиерот Зоран Заев денеска во своето обраќање по повод јубилејот – 15 години АДКОМ, Здружение на даватели на комунални услуги.

Како исклучително важна ја оцени улогата на јавните комунални претпријатија во општините, и дека е особено значајна иницијативноста низ АДКОМ за да се артикулираат заедничките насоки и препораки за да се постигне висок степен на функционални комунални јавни претпријатија за развојот и квалитет на услугите што им ги испорачуваат на граѓаните и на локалните заедници.

-Денеска сум овде да ве уверам дека ја имате поддршката и од Владата на нашата земја. Стабилни и функционални јавни претпријатија се висок општествен приоритет и ќе останат висок приоритет на Владата во соработката и поддршката на локалните самоуправи. Она што заедно можеме да го оствариме во наредниот период е да го помагаме модернизирањето на јавните претпријатија. На Владата останува да го
одржи континуитетот за пристап на општините и на јавните комунални претпријатија до програмите за донации и грантови за развој, преку домашните, европските и другите меѓународни фондови. На вас останува да работите на оптимизирање и на намалување на трошоците во работата, на намалување на губитоците во системите, потенцираше Заев.

Додаде дека Владата останува и понатаму да се грижи за раст на животниот стандард на граѓаните, за помагање на сите категории граѓани со социјален ризик за да можат редовно да си ги плаќаат на време давачките за да се обезбеди редовно работење на комуналните претпријатија и за создавање услови и фер пристап до јавните добра,
спречување на монополизација и заштита на правата на граѓаните.

Претседателот на АДКОМ, Зоран Горгиев, во своето обраќање нагласи дека денес, 15 години по основањето АДКОМ претставува неопходен и значаен механизам за координација, вмрежување, лобирање и застапување на Јавните комунални претпријатија.

-Уверени сме дека улогата и капацитетите на АДКОМ во наредниот период ќе се зголемуваат и продлабочуваат и преку соработка со институциите и програмите на Европската унија, имајќи ги во предвид предизвиците кои што стојат пред нашите комунални претпријатија со цел да се зголеми ефективноста и ефикасноста на работењето, да се обезбедат подобри и достапни услуги кон граѓаните и да се постигнат европските стандарди во комуналната сфера, рече Горгиев.

актуелно Заев локални самоуправи претпријатиа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.