Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Франција не е против нас, очекувам одлука за преговори
Македонија

Заев: Франција не е против нас, очекувам одлука за преговори

октомври 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев останува оптимист за добивање позитивна одлука од Европскиот совет за датум за преговори и верува дека на 17 и 18 октомври ќе има конечен одговор.

– Останувам оптимист заради тоа што ги имаме сите аргументи на светот да добиеме позитивна одлука од Европскиот совет. Не сакам ни да размислувам дали ќе добиеме датум. Петаесет години чекавме, донесовме крупни одлуки, реформи, договорите се 100 отсто извршени, навистина сме пример за целиот регион. ЕУ не смее да си дозволи да го казни најдобриот на европскиот континенет затоа што тоа е важно за ЕУ, за регионот, за следно мотивирање на лидерите кои треба да наоѓат
решенија и да ги реформираат своите општества. Мислам дека чекориме во вистински правец и дека со одлуките на ЕУ ќе се потврдат нашите очекувања, изјави Заев, одговорајќи на новинарски прашања по денешната конференција по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата.

Коментирајќи ја синоќешната средба на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, Заев рече дека верува оти ќе има заеднички заклучок и оти ќе преовлада одговорноста од страна на Европската унија пред Европскиот совет да биде донесена долгоочекуваната одлука за почеток на преговори.

– Секако, се работи само за двајца лидери кои се од сите 28 земји членки.

Утре почнуваат состаноците на Советот на министри и ќе ги знаеме поконкретно чекорите, но верувам дека на 17 и 18 ќе бидат донесени конкретните одлуки за нас, кажа премиерот.

За ставот на Франција, Заев вели дека Париз не е против нас, туку има многу легитимна намера да вгради нова методологија.

– Тоа ќе даде можност сите капацитети да се движат уште посеризно и посилно со ревезрибилна метода – ако не успеат да ги враќа назад. На пример ако третото поглавје е слобода на медиумите, ако успеете да го затворите во првата година или две, а преговорајќи во третата или четвртата ја нарушите слободата на медиумите, да ве враќа назад. Тоа значи дека земјите кои преговараат треба да имаат одржливи постигнати поглавја, заокружени политики, кои ќе значат трајни трансформации на општествата. Тоа е дебатата што се води. Таа може и натаму да се води и да се унапредува методолошки, а ние да ги отвориме поглавјата и да преговараме. Од тука ги црпам моите позоитивни очекувања зашто едното со другото не се спротивставени и можат да бидат само комплементарни, истакна Заев.

Прашан за законот за ЈО за кој се уште нема договор со опозицијата, Заев смета дека неговото недонесување нема да влијае на одлуката на Европскиот совет за преговори.

актуелно ЕУ Заев Макрон преговори Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.