Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Јавната администрација се намалува, дел од вработените ќе се мотивираат за префрлање во приватниот сектор
Македонија

Заев: Јавната администрација се намалува, дел од вработените ќе се мотивираат за префрлање во приватниот сектор

април 18, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Јавната администрација во континуитет се намалува, а во иднина вработените ќе се мотивираат да прифатат подобро платени, перспективни работни места во приватниот сектор.

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тврдењата дека се зголемува бројот на вработените во јавниот сектор. Тој денеска е во посета на Гевгелија, каде заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев и градоначалникот Сашо Поцков извршија увид на системот за водоснабдување, а имаа и и средби со бизнис заедницата од регионот.

Заев вели бројката во јавната администрација не се зголемува, во моментов се вработени околу 149 илјади граѓани.

„Првично нејзината бројка беше 180 илјади. Се соочивме во политичка криза, не се составуваше  Парламентот по изборите, му се даваше, па не му се даваше мандатот на идниот премиер, имаше ситуација дека ќе има, па ќе нема избори. Сето тоа овозможи дел од администрацијата да се намали. Кога станав премиер бројката беше 165 илјади, во моментов е меѓу 148 или 149 илјади. Таа иако се пополнува на потребните места, сепак не се пополнува со таква динамика, колку што се води сметка за нејзиното намалување, рече Заев.

Вели за во иднина се разработуваат планови за мотивација на граѓаните од јавната администрација по сопствена волја и убедување да прифатат подобро платени и поперспективни работни места во приватниот сектор.

„Сите тие алатки навремено ќе бидат презентирани, еден дел ќе ги финансира државата во одреден временски период за да можат вработените да се преквалификуваат со цел да имаат повисоки плати  и поголема можност за напредување и за растење на платите и за севкупен интелектуален напредок, нагласи премиерот.

„Тоа е процесот. Многу земји успеале во тоа и ние ќе успееме. Никој нема да го загуби работното место, порача тој, додавајќи дека се зголемува потребата од квалификувана работна сила.

„Бараат бизнисмените, деловните луѓе, да бидат поподготвени да дадат повисоки плати  и тоа повисоки бруто плати и верувам дека сето тоа ќе биде уште една алатка и карика за нормализацијата на економските перспективи во нашата земја, нагласи Заев.

актуелно Заев јавна администрација намалување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.