Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Ќе испорачаме уште аргументи за позитивна одлука за преговори колку што е можно поскоро
Македонија

Заев: Ќе испорачаме уште аргументи за позитивна одлука за преговори колку што е можно поскоро

декември 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во периодот пред нас, Северна Македонија ќе испорача уште повеќе аргументи до Европската Комисија и до сите земји членки на ЕУ, одложената позитивна одлука за нашата земја да дојде колку што е можно поскоро за да биде исправена грешката од Самитот на Европскиот совет во октомври, му порача премиерот Зоран Заев на новиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Верхеји, на средбата на маргините на Самитот на Централно европската иницијатива што се одржа денеска во Рим.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев на средбата изрази благодарност за поддршката што доаѓа од ЕК во континуитет, како и лично од комесарот Верхеји во овој кус период од неговата инаугурација. Заев, се додава во соопштението, честитајќи му ја новата функција, го истакна позитивниот пристап кој доаѓа од Вархеји и неговата земја Унгарија, како израз на искрен пријател на нашата земја и на проширувањето на ЕУ.

– На средбата беше истакнато дека Северна Македонија, во процесот на пристапување ги оствари сите услови со спроведување на домашните реформи и со договорите со Грција и Бугарија, што ја направи нашата земја пример во регионот, како држава без отворени прашања со соседите. Успесите на земјата се успеси и на ЕУ, беше нагласено на средбата меѓу премиерот Заев и еврокомесарот Верхелји, и Северна Македонија ќе продолжи со уште поголем фокус на имплементацијата на
реформите и во борбата против корупцијата и организираниот криминал, се додава во соопштението.

Еврокомесарот Верхеји од своја страна истакнал дека ЕК силно го поддржува отворање на преговори со Северна Македонија и дека со земјите членки на ЕУ се работи на усогласување на ставовите за евентуални промени во методологијата и процесот на проширување што ќе овозможат брза позитивна одлука за земјава.

Верхеји порача дека најавите дека Република Северна Македонија останува посветена да испорачува резултати во демократските реформи се од големо значење и го истакна очекувањето за поддршка од сите политички фактори, вклучувајќи ја и опозицијата, во интерес на граѓаните на земјата, и во донесувањето на законот за јавно обвинителство.

Еврокомесарот за соседска политика и проширување најави посета на нашата земја, и засилен ангажман од целата ЕК за да се потврди определбата за забрзани перспективи за проширување и јасна економска корист за земјите и граѓаните од Западен Балкан, стои во соопштението.

актуелно аргументи Заев одлука позитивна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.