Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев – Џачка: Соработката на државите од Западен Балкан е важна за ЕУ-интеграциите
Македонија

Заев – Џачка: Соработката на државите од Западен Балкан е важна за ЕУ-интеграциите

февруари 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Олта Џачка, министерка за одбрана на Република Албанија.

На средбата е поздравено одговорното лидерство на премиерот Заев што овозможи постигнување договор со јужниот сосед на нашата држава и реализација на Договорот од Преспа. Оценето е дека Договорот е пример како се решаваат билатерални прашања доколку постои искрена политичка волја, поради што Договорот од Преспа е придобивка како за нашата држава, така и за напредокот на целиот регион.

Исто така, на состанокот, изразена е поддршка од Република Албанија за отворените интеграции на Република Северна Македонија во НАТО, како и благодарност од премиерот Заев до албанскиот колега, премиерот Еди Рама, до Владата на Република Албанија и до граѓаните, за поддршката на НАТО интеграциите на нашата земја.

„Интеграцијата во НАТО значи мир и стабилност, но и подобра економија за нашите граѓани. Веќе е зголемен бројот на инвеститори кои инвестираат или најавија дека ќе инвестираат во нашата земја. Тоа е голема придобивка за квалитетот на живот на граѓаните во нашата држава, по политиките на добрососедство зад коишто застанавме и затворањето на сите отворени прашања со нашите соседи, како и интегративениот концепт во нашата држава, едно општество за сите граѓани, рече премиерот Заев.

Заклучено е дека двете земји, Република Северна Македонија и Република Албанија, со искреното меѓусебно пријателство, создаваат услови за развој на соработката, како и дека таквиот пристап влијае позитивно во европските аспирации и очекувања и на двете држави и на регионот.

„Ако ја зголемиме соработката меѓу државите од Западен Балкан, ќе имаме уште поголемо почитување од Европската унија, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев охрабри за зголемување на соработката во областа на одбраната и рече дека нашата држава е подготвена да ги следи позитивните искуства за вложувања во Армијата според НАТО стандардите. Тој информираше дека во тек се реформи во нашата држава во повеќе области, како и дека во завршна фаза се реформите во безбедносниот сектор што се одвиваат во соработка со земјите членки на НАТО.

На средбата е констатирано и дека успешно се реализира соработката меѓу двете држави во областа на инфраструктурното поврзување и енергетиката, како и дека се отвораат можности за проширување и во другите области од значање за граѓаните на двете земји и на регионот.

актуелно албанија македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.