Припадници на КФОР, Еулекс и безбедносните сили на Косово, на полицијата и на Агенцијата за управување со вонредни ситуации, почнаа заедничка вежба, пренесува РТК.
Целта на вежбата, како што се наведува во информацијата на косовската телевизија, е да се направи обука на командантите и припадниците на безбедносните организации за управување со операции во случаи на пружање помош при природни катастрофи и граѓански немири.
Вежбата, под името „Сребрена сабја 2018“, се одржува во камповите Филм Сити, Помазатин и на воениот аеродром Слатина и ќе трае до 18 април, а со неа управува заменик командантот на КФОР, бригадниот генерал Јанош Чомбок.
Од КФОР информираат дека вежбата ќе биде прилика за тестирање на концептот на прва, втора и трета инстанца на реагирање и воспоставување на заедничко разбирање на тактика, техника и процедура на ниво на единица.
Посебно внимание ќе биде посветено на „обуката за контрола на масата и сузбивање на немири“, се наведува во соопштението.
(Фото: Тањуг)







