Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Законот за аудиовизуелни услуги оди на уште едно читање во ЕК
Во Фокусот

Законот за аудиовизуелни услуги оди на уште едно читање во ЕК

декември 27, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Предлог-текстот на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, пред да влезе во владина процедура, ќе оди на уште едно разгледување во Европската комисија на барање на ЕК.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека роковите не се пробиваат и оти по неговото враќање и евентуалните препораки, предлог-законот ќе биде ставен на владина седница.

„Најавено беше дека Предлог-законот ќе биде на дневен ред на вчерашната владина седница,  но на барање на Европската комисија сакаат да има уште едно читање на Предлог-законското решение. Владата одлучи дека тоа е сосема во ред. Не ги пробиваме роковите. По добивањето на евентуалните препораки законот набрзо ќе биде ставен на владина седница, истакна Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, Бошњаковски соопшти дека се усвоени повеќе предлог-измени на закони што се однесуваат на правосудството и полицијата, а се дел од итните рефоромски приоритети предвидени со Планот 3-6-9. Меѓу нив, усвоени се измените на Законот за судовите, Законот за извршување на санкции, Законот за јавно обвинитество, Законот за кривична постапка, како и на Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција. Усвоени се и пакетот законски решенија кои се направени по препораките на Прибе.

Одговарајќи на новинарско прашање дали со измените на Законот за судови и Законот за јавното обвинителство, со кои се предвидува гонење на лица со полициски овластувања кои сториле кривични дела, ќе бидат опфатени и полицајците од настаните од 27 април во македонското Собрание, владиниот портпарол рече дека по донесувањето на законот ќе се види кои лица ќе бидат опфатени.

„Предлог законското решение ќе важи од моментот кога ќе биде објавено во Службен весник. Во моментов се работи за предлог за измени и дополнување што значи дека следува редовна постапка во Собранието на Република Македонија. Кои лица ќе бидат опфатени ќе видиме по донесувањето на законот, истакна Бошњаковски.

На вчерашната владина седница е разгледана и Предлог-одлуката за одобрување на финансискиот план за 2018 на Македонската радио телевизија со тоа што кон одлуката од страна на Владата е доставено придружно мислење во кое меѓу другото се истакнува дека МРТВ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање на јавноста со прекинот на директниот пренос од македонското Собрание на 27 април годинава.

актуелно ЕК закон македонија медиуми собрание Судови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.