Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Законот за јазиците ја помина првата фаза
Македонија

Законот за јазиците ја помина првата фаза

септември 7, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Комисијата за европски прашања со која претседаваше Артан Груби денеска со девет гласа „за“ без и ниту еден „против“ и „воздржан“ донесе заклучок дека Предлог-законот за јазиците е прифатлив и дека тој треба да се даде на натамошна постапка.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски побара во процедурална забелешка гласањето да биде поединечно, но тоа не беше прифатено.

Претходно, координаторите на четирите најголеми пратенички групи во Собранието ги дадоа своите завршни ставови за првото читање на Предлог-законот.

Ејуп Аљими, координаторот на ДУИ, рече дека јазикот е природно право и припаѓа на секоја етничка заедница и дека усвојувањето на овој закон колку толку ја прифаќа фактичката реалност.

Томислав Тунтев, пак, од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија истакна дека со досегашната дискусија се крева прашина во погрешен правец, се извртува вистината, не држејќи се до тоа што го пишува и треба да го претставува овој Предлог-закон.

„Она што треба да биде работа околу која ќе се сплотиме, станува камен на сопнување. Различното мислење не значи линчување, не значи напад, тоа значи основа за размислување. Нашиот народ рекол ’колку јазици зборуваш, толку луѓе вредиш’. Има една вистина и се вика амандман 5 од Уставот на Република Македонија“, рече Тунтев.

Тој потенцираше дека овој предлог-закон ниту е менување, ниту значи двојазичност, ниту какви било права некому му се даваат надвор од Уставот.

„Ако имате право да зборувате, творите на својот мајчин јазик давајќи го тоа право и на другите, не губите ништо од своето национално искуство. Напротив, добивате сонародници со кои заедно го градите општеството. Овој закон е само унапредување на тоа што парламентарното мнозинство го започна во 2001, 2008 и 2011 година“, истакна Тунтев.

Обраќањето на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски помина во лично реплицирање и докажување со пратеникот Тунтев за тоа дали предлог-законот е уставен, дали тој значи официјализирање на албанскиот јазик на целата територија и ќе има ли двојазични униформи, банкноти и двојазично комуницирање во државните институции.

Димовски запраша каква е таа слобода што носи казни само за еден јазик, ако не се говори албански јазик.

„Нелогичност е како тоа имаме Закон, а сега носиме друг закон ако овој закон не е поразличен од тие во 2008 и 2011 година кои ги собра сите материјални прашања. Овој закон е противуставен. Тргнете го европското знаменце и дадете го на расправа. Законот не е неуставен, туку се потсмева со Уставот и Охридскиот рамковен договор. Ова се прави по скратена постапка, а за него треба да се дебатира, изјави Димовски.

 

Според Фадил Зендели од БЕСА, законот треба да биде сеопфатен, но тоа, како што рече, го гледа во овој предлог.

„Предлог законот е унапредување, но не и официјализирање. Сите заедно треба да се однесуваме одговорно. Мултиетничкото општество треба да биде и мултиетничка држава како што предвидува Охридскиот рамковен договор. Шеснаесет години по потпишување ние се уште расправаме. За жал, ќе расправаме и понатаму зашто овој предлог закон не го опфаќа тоа. Ние само го унапредуваме албанскиот јазик, но не го официјализираме на територијата на целата држава, рече Зендели.

актуелно Беса вмро-дпмне двојазичност дуи јазик сдсм Устав
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.