Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Западен Балкан ќе биде значаен фактор во Европа
Македонија

Западен Балкан ќе биде значаен фактор во Европа

ноември 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поминување на границите само со лична карта, брзи ленти за камионите и меѓусебно признавање на дипломите се само дел од придобивките на декларацијата што во Охрид ја договорија премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Денешниот состанок следува по првичната средба што Заев, Вучиќ и Рама ја имаа во Нови Сад.

Тие денеска ги повикаа и останатите држави од Западен Балкан да се приклучат кон оваа иницијатива и заеднички да изградат еден поинаков Западен Балкан кој ќе биде подобро место за живеење и значаен фактор во Европа.

„Акцискиот план предвидува 24 часовно целосно работење на нашите граници, комплетно движење со лична карта на граѓаните од целиот овој регион, брзи ленти за камионите низ граничните премини и меѓусебно признавање на сите документи од делот на агенциите за храна и ветеринарство, се со цел да се даде поголема мобилност на стоките, капиталот и на услугите“, изјави премиерот Заев на заедничката прес-конференција.

Разработен е и конкретен план како меѓусебно да се признаат дипломите за да можат странските и домашните инвеститори да имаат комплетна поширока понуда на квалификуван кадар од целиот регион.

„Сето ова ќе донесе многу попримамлив живот пред се за нашите граѓани, но ќе отвори и едно ново поглавје. Се надевам дека сите учесници во овој процес ќе ја прифатат оваа иницијатива затоа што таа носи добро за целиот Балкан, но и не факторизира пред западноевропските земји каде сакаме да се приклучиме“, рече Заев.

За српскиот претседател Вучиќ, ова е важна иницијатива и за граѓаните и за бизнис секторот. Инцијативата за регионална соработка, рече Вучиќ, не значи создавање на некаква југославија, туку тоа е процес со кој ќе се создаде подобар и поквалитетен живот во целиот Западен Балкан.

„Оваа иницијатива може некој ќе ни ја уништи и ќе пропадне, но таа дефинитивно носи подобар и покалитетен живот на нашите луѓе и компании. Горд сум на договорот што го направивме. Ова секако ќе биде иднина. Тука нема никакви југославии, тука има подобар живот за сите граѓани“, порача Вучиќ.

Албанскиот премиер Рама, за кого исто така нема ништо позначајно од слободното движење на луѓето, најави дека следната средба ќе се одржи во Драч на 21 ноември на која се очекува да присуствува и Жозеф Борел, наследникот на претставничката на Европската Унија, Фредерика Могерини.

актуелно албанија Александар Вучиќ балкан Еди Рама Зоран Заев македонија србија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.