Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Западните медиуми за претседателските избори во Северна Македонија
Македонија

Западните медиуми за претседателските избори во Северна Македонија

април 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Северна Македонија избира претседател по договорот за смена на името“, е насловот на написот на Дојче веле, во кој информира за претседателските избори во државата. Во текстот се посочува дека тројцата кандидати за претседател се про-европски и про-НАТО настроени, но сепак во фокусот на кампањата беше договорот со Грција со кој се реши повеќедеценискиот спор. Дојче веле нагласува дека иако Договорот широко ги отвора вратите на ЕУ и НАТО, сепак населението е поделено околу ова чувствително прашање.

Американскиот весник „Вашингтон пост“ издвојува дека државата го избира првиот претседател на Северна Македонија. Весникот посочува дека тројца универзитетски професори се борат за функцијата која е речиси церемонијална.

„Гласачите во Северна Македонија имаа уште една шанса да дадат мислење за новото име на нивната земја, преку гласањето на претседателските избори, што се смета за клучен тест за централнолевичарската влада која преговараше за промена на името со цел да стави крај на неколкудеценискиот спор со соседна Грција“, информира Асошиејтед Прес.

„Македонците гласаат на избори на кои доминира темата за промената на името“, е насловот под кој Ројтерс информира за претседателските избори во земјава. Во текстот Ројтерс, исто така, ја истакнува поделеноста во јавноста околу промената на името и оти тоа ќе се одрази на изборните резултати, при тоа, објавувајќи ги последните анкети за претседателските кандидати. Ројтерс, повикувајќи се на аналитичари, објави дека е можен мал одзив „поради разочараност кај гласачите од Владата во однос на привлекувањето странски инвестиции и високата невработеност“.

„Смената на името во срцето на изборите во Северна Македонија“ е насловот на текстот со кој Фокс њуз информира за изборите. Во него тиа даваат кус осврт на историјатот на спорот за името меѓу Атина и Скопје и се осврнува на претседателот во заминување Ѓорѓи Иванов, потсетувајќи дека тој се „обиде да го попречи или одложи договорот со Грција“.

„Замислете изборна кампања меѓу кандидати кои не се политичари. Македонија може“, објавува Радио Слободна Европа под наслов „Само универзитетски професори кога е во прашање гласањето во Северна Македонија“. Во него се цитира и професорот Флоријан Бибер од Универзитетот во Грац, кој смета дека „главната загриженост е дека одѕивот ќе стане проблем, со оглед на потребната излезност за изборите да бидат валидни“.

„Стравување од слаб одѕив на претседателските избори во Северна Македонија“, издвојува за насловот Франс прес.

„Гласачите во Северна Македонија денеска избираат нов претседател на првите избори во земјата откако го смени името, но постојат стравувања дека нема доволно луѓе што ќе излезат да ги направат изборите валидни“, пишува АФП.

Германската новинска агенција ДПА известува за изборите, со акцент на промената на името и стравувањето од мал одѕив.

„Договорот за името длабоко ги поларизира Македонците. Многумина се растргнати меѓу лутината што мора да го променат името на својата земја и желбата за влез во НАТО и ЕУ, така што висока стапка на апстиненција е можна. Таков беше случајот на референдумот за промена на името во септември, кога не беше постигнат потребниот праг од 50 отсто: Одѕивот тогаш беше само 37 отсто“, потсетува ДПА.

актуелно западни медиуми претседателски избори северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.