Западот се плаши дека модерното оружје кое и се испорачува на Украина би можело да заврши „во погрешни раце“, напиша колумнистот на британски „Телеграф“, Кон Кофлин.
Загриженоста за тоа каде би можело да заврши оружјето ја претвори задачата за вооружување на украинските сили во чувствително прашање: од една страна, Западот има намера да и обезбеди на Украина средства за победа, а од друга страна, не сакаат овие оружја да се користат против неа во иднина, без разлика дали се воени или цивилни, вели авторот на текстот.
Според неговото мислење, оваа дилема сега станува особено тешка поради „се поголемиот очај на украинските лидери“ кои повикуваат на се поголеми испораки на западно вооружување.
Кофлин вели „да не им наштетуваме на нашите сопствени вооружени сили“ со воени резерви за Киев.
Во позадина на војната во Украина, САД и нивните сојузници во НАТО го поддржуваат Киев со испорака на оружје, програми кои чинат десетици милијарди долари.
Москва, од своја страна, постојано повторува дека снабдувањето со западно оружје само го продолжува конфликтот, а транспортот на оружје станува легитимна цел на руската армија.
(Фото: АП)







