Светскиот еврејски конгрес (СЕК) изрази огорченост и гадење, заради бесењето и запалувањето на кукла која претставувала Евреин во градот Прухњик, на југот на Полска, за време на велигденскиот ритуал.
„Евреите се многу вознемирени заради ова грозно оживување на антисемитизмот“, рече извршниот директор на СЕК, Роберт Сингер, пренесе АП.
Граѓани на Прухњик, вклучувајќи и деца, на католичкиот Велики петок прво ја удирале, а потоа и ја запалиле куклата.
Куклата, според наводите на агенцијата, го претставува Јуда којшто според Новиот завет го издал Исус Христос.
Полјаците, исто така, изразија незадоволство поради инцидентот, кој во оваа земја последен пат е виден пред Втората светска војна.







