Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Засега само еден случај на омикрон во земјава, за празниците нови рестрикции нема да има
Градови

Засега само еден случај на омикрон во земјава, за празниците нови рестрикции нема да има

декември 28, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За време на новогодишните празници надлежните сметаат дека дополнителни рестрикции не се потребни, бидејќи како што велат, ситуацијата е мирна. Во земјава засега има само еден случај на новиот сој на КОВИД-19, омикрон, а епидемиолошкота состојба останува стабилна.

Согласно последната статистика, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 119 случаи на КОВИД-19, од направени 2.324 тестирања. Оздравеле 257 пациенти, а починале три лица.

Во земјава досега има вкупно 223.330 ковид-дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата. Оздравеле вкупно  210.732, а починале 7.907 пациенти. Има вкупно 4.691 активни случаи.

Засега останува само еден случај на омикрон, и тоа кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски.

Епидемиолошката состојба останува стабилна, а како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, во текот на следната недела ќе се направи дополнителна анализа.

– Засега е само тој еден случај на омикрон. Имајќи предвид дека е случај кој што доаѓа од странство, мислам дека треба да се направи дополнителна анализа во текот на следната недела. Сепак, тоа што е присутен во регионот може да значи дека е заради честите комуникации и патувања на нашите граѓани во соседните земји, изјави вчера Филипче.

Тој исто така додаде дека нема зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи, а болниците и натаму работат без притисок од зголемен наплив на пациенти.

Токму поради тоа, министерот останува на ставот дека нема потреба од какви било дополнителни рестрикции. Филипче смета дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од оваа криза.

Задолжителната вакцинација, мерките за патување и непреполнување на затворените простории според ресорниот министер, се сосем доволни.– Животот постепено се нормализира, некаде целосно е нормализиран и сметам дека овие превентивни мерки се сосем доволни. Замислете да имаше огромен број пациенти и преоптоварени ковид-центри. Сега ковид-центрите не се полни зошто нема пациенти, нема приеми ниту во ковид-центрите во Скопје, ниту ширум државата. Во огромен број од инфективните одделенија практично нема хоспитализирани, рече Филипче, посочувајќи дека десетина инфективни одделенија се празни.

Исто така, дел од пациентите кои се дијагностицирани се праќаат на домашно лекување зошто имаат полесна клиничка слика.

Сепак, сојот омикрон забрзано се шири низ државите во светот, па и на Балканот. Во Косово до неодамна беа потврдени вкупно девет случаи.

Претставници на Институтот од Косово прецизираа дека два случаи се регистрирани кај лица кои дошле во Косово од САД, два кај лица од Лондон и еден од Франција. Четири случаи се потврдени кај лица од Јужна Митровица и се работи за лица рекле дека не патувале никаде ниту имале контакт со лица кои не се од Косово.

Институтот, заедно со косовското Министерство за здравство, ги повика граѓаните строго да се придржуваат до анти-ковид мерките и да се вакцинираат.

Во Турција пак, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 20.138 случаи на коронавирус и 173 починати лица.

Во текот на вчерашниот ден од ресорното Министерство во Турција информираа дека повеќе од 128,66 милиони дози вакцина против КОВИД-19 се дадени во рамките на кампањата за масовна вакцинација која во Турција почна на 14 јануари.

Повеќе од 56,8 милиони луѓе примиле прва доза вакцина, а 51,4 милиони граѓани целосно се имунизирани.

 

Во меѓувреме, од Европската Комисија информираа дека во ЕУ против КОВИД-19 се вакцинирани над 78 проценти од граѓаните.

-Пред точно една година, во Европа почна вакцинирањето против КОВИД-19. Изминавме долг пат. Повеќе од 78 отсто од возрасните во ЕУ веќе се вакцинирани, рече вчера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во видео обраќање.

Според неа, вакцинацијата, вклучително и засилувачката доза на вакцината, останува најдобриот начин за справување со пандемијата на коронавирусот.

 

 

МИА

актуелно Омикрон рестрикции
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.