Првата летечка чинија во светот во форма на НЛО – и тоа со човечки екипаж – неодамна го имаше својот прв пробен лет над градот Шенжен во Кина. Се напојува со електрична енергија и може да достигне максимална висина од приближно 200 метри по лет од околу 15 минути.
Летечката чинија е развиена од „Shenzhen UFO Power Technology“.
Опремена е со 12 пропелери кои го опкружуваат пилотскотото седиште сместено во самиот центар на чинијата. Куполата што го штити пилотот е проѕирна и овозможува панорамски поглед на околината во радиус од 360 степени.
Нејзиното создавање траеше три години, пишуваат светските медиуми.
Возилото со футуристички изглед може да полетува и слетува вертикално од земја или вода, што воедно го прави амфибиски авион.
„Летечката чинија во моментов главно се користи за туристички цели“, наведува „Шенжен Пејџ“.
Фото: Скриншот Твитер







