„Одложувањето на почетокот на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската унија ќе ја влоши и дестабилизира ситуацијата во регионот“, изјави
вицепремиерот Екатерина Захариева.
„Бугарија го поддржа почетокот на разговорите и доколку нивниот почеток биде одложен за март следната година, тоа ќе биде огромна грешка“, оцени Захариева, пренесува БГНЕС.
„Не сум изненадена од она што се случи на состанокот во вторникот. Мислам дека ова е грешка и се надевам дека иако Советот на министри не успеа да донесе одлука, лидерите на ЕУ ќе можат да го сторат тоа. Веруваме дека ќе биде навистина голема грешка да се одложи почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија, и да се дестабилизира целиот регион. Ставот на Бугарија е да започне преговори со двете земји. Имав разговори со францускиот министер за Европската унија преку
телефон – да им дадеме зелено светло на обете држави. Има време да се свика првата меѓувладина конференција, на која ќе се воспостави рамка за преговори – тие можат да напредуваат напред со реформите. За жал, почетокот на преговорите најверојатно ќе биде одложено до март. Сметаме дека ова ќе биде огромна грешка“, изјави изјави Екатерина Захариева.







