Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Зголемен бројот на граѓани кои вршат увид во Избирачкиот список
Македонија

Зголемен бројот на граѓани кои вршат увид во Избирачкиот список

август 29, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од 21 овој месец до вчера (28 август) увид во Избирачкиот список  преку апликацијата на веб страната на Државната изборна комисија (ДИК) е направен 177. 998 пати додека во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата низ земјата тоа го направиле 7.408 граѓани, беше соопштено на денешната седница на ДИК.

Само за едно лице од почетокот на увидот во Избирачкиот список за Локалните избори 2017, ДИК донела решение за бришење од списокот, петмина побарале промена на податоците, а еден граѓанин побарал бришење на живеалиште.

Според членот на ДИК Атанас Урумов, се поголем е бројот на граѓани кои прават увид во Избирачкиот список.

Субхи Јакупи смета дека од досегашниот увид се гледа дека Избирачкиот список нема некои аномалии и ги повика граѓаните до 9 септември да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список.

Членовите на ДИК исто така го разгледаа и извештајот за собирање потписи за независни кандидати за членови на совет на општина и за градоначалник. За членови на совет се собираат потписи за 20 листи, додека за градоначалник за 13. Во Македонски Брод се собираат потписи за девет листи за советници, за по две листи се собираат потписи за членови на совет во Охрид и во Радовиш, по една во Битола, Дебарца, Долнени, Карбинци, Кривогаштани, Петровец и Ранковце.

Во Битола и во Охрид има две листи за собирање потписи за градоначалник, а потписи за градоначалник собираат и независни кандидати во Брвеница, Вевчани, Гази Баба, Дебарца, Карпош, Куманово, Радовиш, Ранковце и Струга.

На денешната седница ДИК разгледуваше и одлучуваше за дваесетина барања за изземање и за разрешување на членови на ОИК и изврши случаен избор на испразнетите места.

Комисијата смета дека ОИК треба до нив да доставува докази со кои ќе ги поткрепи своите барања за разрешувања на членови или нивни заменици. За неколку членови и заменици членови за кои општинските изборни комисии навеле дека не ги извршувале обврските во изборниот процес, како на пример од ОИК Шуто Оризари, Кавадарци и други места, Комисијата ги одби барањата за разрешување, но донесе заклучок за тоа да бидат известени државните институции каде што тие работат за да се покрене дисциплинска постапка против нив.

Барање за изземање или за разрешување може да биде поднесено лично или од ОИК и тоа поради здравствени или семејни причини или поради противзаконско работење.

актуелно изборна комисија Кавадарци карпош куманово оик ранковце шуто оризари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.